Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дури ни Леброн Џејмс не можеше да поверува за колку пари се продаде една од неговите „сликички“

    Шведската морнарица се среќава со руски подморници „речиси секоја недела“ – уште повеќе би можеле да бидат на пат

    Португалците се претпазливи: Свесни сме дека Македонците нема да ни го олеснат животот

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Истражување: Младите во Македонија во голема мера евроскептични
    Политика

    Истражување: Младите во Македонија во голема мера евроскептични

    10/11/20257 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Овој јаз помеѓу надежта и реалноста, интересот и недовербата, европската идеја и домашните предизвици, ја формира основата на младинскиот евроскептицизам. Затоа е потребна итна партнерски координирана и долгорочна акција во земјите кандидати за членство во ЕУ, што ќе ги препознае младите како креатори, а не само како публика, ќе ги адресира економските и институционалните бариери, ќе ги поврзе младите луѓе со конкретни европски програми, содржини и платформи и ќе ја направи комуникацијата на ЕУ релевантна, двонасочна и транспарентна“, се наведува во публикацијата.

    Во неа се посочува дека мора да се има предвид дека младите луѓе во земјава не се пасивни набљудувачи, туку активни актери кои бараат простор, перспектива и партнерство.

    „Европа нема да биде комплетна без нив, а процесот на проширување нема да успее без нивно значајно вклучување“, се нагласува во документот.

    Во него се оценува дека постои значителен простор за брзо и одржливо подобрување на довербата меѓу младите од земјите кандидатки за членство во процесот на пристапување кон ЕУ, а голем дел од решенијата лежи во континуирана соработка и меѓусебно партнерство во спроведувањето на младинските активности меѓу националните институции и телата на ЕУ, со јасни можности за сите млади луѓе да бидат вклучени во дизајнирањето и спроведувањето на ваквите програми и активности.

    За потребите на публикацијата кон крајот на јуни 2025 година во соработка со студентската платформа „Студентарија“ е спроведена анкета со која биле опфатени 1.000 млади луѓе од земјава, од кои 81,5 отсто студенти на додипломски или постдипломски студии, како дел од пошироката анализа на ставовите на младите кон Европската Унија, изработена со учество на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУEП) од Скопје, Европскиот центар за извонредност (ЕЦЕ) од Брисел и либералната Фондација „Фридрих Науман“.

    Како што се наведува во публикацијата, оваа онлајн анкета го потврдува присуството на евроскептицизам кај младите, различните очекувања во врска со членството во ЕУ, како и широк спектар на можности и активности што можат да ги преземат националните и институциите на ЕУ во соработка со младите луѓе.

    Според анкетата, 41 отсто од младите во земјава позитивно ја перципираат Европската Унија, 24 проценти имаат негативно мислење за неа, додека речиси 35 проценти изразуваат неутрален став кон блокот.

    Ваквите резултати, како што се наведува во документот, јасно укажуваат дека има простор за проактивно ангажирање и постои недостиг на подлабока поврзаност со вредностите на ЕУ.

    Кога станува збор за иднината на земјата во ЕУ, истражувањето покажува дека 46,5 проценти од испитаниците не веруваат дека државата некогаш ќе стане членка на ЕУ, додека 35,8 отсто веруваат дека членството е можно, но во подалечна иднина. Само 6,7 проценти веруваат дека земјата ќе може да стане членка на ЕУ во текот на следните пет години, додека 11 отсто не знаат или немаат мислење за ова прашање.

    Кога станува збор за причините кои ги сметаат за најголема пречка за интеграција на земјата во ЕУ, дури 84,6 отсто од испитаниците ја посочиле „корупцијата“. По неа, со 61 отсто следуваат „билатералните спорови“ и со 60 проценти „ниската доверба во институциите“.

    „Ова јасно покажува дека младите го препознаваат домашниот политички амбиент како клучна пречка за напредок на земјата кон ЕУ, а воедно изразуваат очекување за конкретни чекори од националните институции за борба против корупцијата како основа за подобрување на условите за живот и задржување на младите луѓе во земјата“, се вели во публикацијата.

    Според анкетата, младите луѓе во земјава сметаат дека се „адекватно информирани“ за вредностите и политиките на ЕУ. Вакво мислење имаат 53 проценти од анкетираните, додека 22 отсто изјавиле дека се „многу информирани“, 21,5 проценти дека се „донекаде информирани“. Само 3,5 отсто од анкетираните изјавиле дека „воопшто не се информирани“ за вредностите и политиките на ЕУ.

    Во однос на тоа што буди најголем интерес кај младите во државава во врска со ЕУ, дури 76,2 отсто ги навеле можностите за работа и живот во Унијата. По ова следуваат програмите за образование и млади, како што е Еразмус+, со 55,1 проценти, а на трето место со 50 отсто се заштитата на човековите права.

    Дополнителните области во интерес на младите поврзани со ЕУ ги вклучуваат заштита на животната средина со 48,1 отсто, дигитализацијата и иновациите со 44,5 проценти и културната размена со 32,2 отсто.

    Интересен податок е и дека приближно 60 отсто од испитаниците оцениле дека членството на земјата во ЕУ нема да ја намали емиграцијата на младите луѓе.

    На прашањето „Доколку ви се пружи можност, дали би сакале да учествувате во дијалог со претставници на ЕУ“, позитивно одговориле 41,6 проценти од испитаниците, што, како што се наведува во публикацијата, укажува на отвореност на младите за директна комуникација и ангажман.

    Од друга страна, 30,5 отсто од испитаниците изјавиле дека се против учество во таков дијалог, а 27,9 проценти рекле дека во моментов не се сигурни околу одговорот на ова прашање.

    Според анкетата, над 70 проценти од анкетираните за себе рекле дека се „општествено неактивни“, а само околу осум отсто изјавиле дека учествуваат во политички или граѓански иницијативи, што, според публикацијата, покажува широко распространето чувство на немоќ во услови на тековните реформски предизвици.

    „Овие резултати уште еднаш истакнуваат дека постои значаен простор за проактивни мерки предводени од ЕУ за стимулирање на дијалогот со младите од земјите кандидати за ЕУ“, се заклучува во публикацијата.

    Во однос на тоа „Кои од шесте земји од Западниот Балкан имаат најголема шанса да станат членки на ЕУ во следните пет години“, дури 53,2 отсто од младите испитаници во земјава ја посочиле Албанија. По ова следуваат Црна Гора со 34,5 проценти и Србија со 14,7 отсто.

    Само 8,2 проценти од младите луѓе во земјава веруваат дека таа ќе се приклучи на ЕУ во следните пет години, што, според публикацијата, испраќа јасен сигнал, особено до домашните институции и носителите на јавни функции да преземат конкретни мерки за брзо враќање на довербата во европската перспектива и целосно решавање на корените на евроскептицизмот кај младите.

    Во публикацијата се заклучува дека анкетата покажува комплексно јавно расположение, мешајќи го претпазливиот оптимизам за интеграцијата во ЕУ со постојаната загриженост за миграцијата и политичкото учество, особено кај младите граѓани.

    „Анкетата го потврдува присуството на евроскептицизам кај младите, а во исто време нагласува широк спектар на можности и активности што можат и треба итно да ги преземат националните и институциите на ЕУ во соработка со младите луѓе и нивните организации“, се наведува во публикацијата.

    Според директорот за политика и комуникација во Европскиот центар за извонредност, Бојан Кордалов ваквите резултатите се сериозен аларм и повик за акција.

    „Доколку на младите луѓе во земјите кандидати за ЕУ не им се понудат вистински можности, стабилност и разбирање, тие би можеле сè повеќе да престанат да ја гледаат иднината на својата земја во ЕУ“, вели Кордалов.

    Според него, поради ова е потребна нова, искрена и поблиска комуникација со младите, преку силни партнерства меѓу ЕУ и земјите кандидати за членство со младите, заедно со конкретна економска и демократска поддршка достапна за секој млад човек.

    Во публикацијата се оценува дека за успешно продолжување на земјата на својот европски пат, од суштинско значење е да се поттикнат инклузивни механизми за вклучување на младите во демократскиот живот.

    „Ова вклучува зајакнување на младинските центри, формализирање на партиципативните канали и интегрирање на младите луѓе во процесите на креирање политики. Институциите на ЕУ ставаат силен акцент на активното вклучување на младите како камен-темелник на демократската отпорност, социјалната кохезија и одржливиот развој. Напорите за зајакнување на довербата во институциите и борба против корупцијата остануваат подеднакво важни во справувањето со основните причини за јавниот скептицизам и унапредувањето на перспективата на земјата за членство во ЕУ“, се посочува во документот.

    Публикацијата беше промовирана минатата недела во Брисел, а кон крајот на месецов е предвидена нејзина промоција во Скопје. Предвидено е публикацијата да биде презентирана пред дел од пратениците во Парламентот и пред граѓанскиот и младинскиот сектор во земјата, каки и да биде доставена до владините институции и претставници.

     

    Previous ArticleРаул се присети на деновите во Вардар и голот на Чупиќ: Не можете ни да замислите, кога влезе..
    Next Article Дали се чувствувате дополнително уморни за време на менструацијата: постои причина за тоа

    Поврзани вести

    Претседателот на Собранието Гаши учествува на Доха Форумот 2025

    06/12/2025

    Со Мицкоски како единствен кандидат, ВМРО-ДПМНЕ денеска на конгрес избира претседател на партијата

    06/12/2025

    Николоски на министерскиот совет на Транспортната заедница во Брисел

    05/12/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дури ни Леброн Џејмс не можеше да поверува за колку пари се продаде една од неговите „сликички“

    Шведската морнарица се среќава со руски подморници „речиси секоја недела“ – уште повеќе би можеле да бидат на пат

    Португалците се претпазливи: Свесни сме дека Македонците нема да ни го олеснат животот

    Претседателот на Собранието Гаши учествува на Доха Форумот 2025

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.