Започна со реализација долго бараниот проект од страна на граѓаните „Реконструкција и рехабилитација на локалниот пат Умлена -Робово“. Со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфрастуктура која ги поврзува овие две села и ќе овозможи побезбеден сообраќај.
Изразуваме голема благодарност до Владата на Република Македонија за дадената поддршка за реализација на овој проект. Општина Пехчево заедно со Владата на Република Македонија работи во интерес на граѓаните, за подобра иднина.
Воедно Ве замолуваме да бидете внимателни при движењето на овој патен правец додека се во тек градежните работи.


