Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Промоција на книгите за деца од Иван Антоновски во Штип
    Култура

    Промоција на книгите за деца од Иван Антоновски во Штип

    19/11/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Светскиот ден на детето, 20 ноември, во Штип ќе се одбележи со промоција на книгите за деца од истакнатиот македонски автор Иван Антоновски – „Градина полна латици“ и „Бакнежи на небото“, и двете изданија на „Светулка“.

    Во организација на Центарот за култура „Ацо Шопов“, промоцијата ќе се одржи во Спомен собата на Ацо Шопов, со почеток во 12 часот.

    Промоторка на книгите ќе биде Ана Јовковска, а штипската читателска публика ќе има можност и да поразговара со Антоновски, којшто е и добитник на наградата „Ванчо Николески“ на Друштвото на писателите на Македонија, за најдобра книга за деца и млади во 2024 година, како и со илустраторката на книгите, Иванка НиБа.

    „Градина полна латици“ е по многу нешта храбра и уникатна книга што привлече вонсериски интерес на јавноста – книга за сите генерации.

    – Иван Антоновски создал бисер на книжевноста за деца: и за оние деца со малку години, и за оние деца со многу години, и за оние деца пред пензија. Го поставил единственото важно прашање за книжевноста: прашањето за одминувањето на единката и траењето на родот. Направил фантастична парабола со универзални пораки: нему му успеало истото она што и на Егзипери во „Малиот принц“, оценува Венко Андоновски.

    Според него, да се објасни на дете дека свенувањето на цвеќињата е доброволна одлука на „старите“ цвеќиња за да им отстапат место на младите и на оние уште неродените е навистина благородна, човекољубива и утешна филозофија.

    – Параболата за „исчезнувањето“ на едни и доаѓањето на други цвеќиња, приказната за сменувањето на генерациите е дадена толку дискретно, што во еден миг помислуваме: навистина, колку семки чекаат да изртат, а не можат, само затоа што посакуваната вечност на претходните не им дозволува раѓање на оние кои доаѓаат? Антоновски се зафатил со најсуровото прашање – ако сите сакаме да бидеме бесмртни, зар вечноста (и да е можна) не е сама по себе проклетство, зашто на „вечните цвеќиња“ им станува здодевно, и тие веќе не се радуваат на ништо, зашто виделе сè. На оние кои секоја пролет доаѓаат како новородени, напротив, сè им е ново, и тие ја чувствуваат радоста на љубопитството и сознавањето, истакнува Андоновски.

    Како што нагласува Билјана С. Црвенковска, „Градина полна латици“ е една од оние храбри книги кои внесуваат свеж ветар во македонската книжевност за деца, избирајќи да се обраќа на еден порафиниран читател (односно читателски пар родител – дете) кој трага по повеќе, пред сѐ – по одговорите на оние непресушни, вечни прашања.

    Previous ArticleКуп на Македонија: Шкендија и Тиквеш во битка за 1/4 финале!
    Next Article Москва усвои закони за зајакнување на одбраната од украински напади

    Поврзани вести

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Почнува 47. издание на „Браќа Манаки“, фестивалот го отвора филмот на Дина Дума

    18/09/2026

    Македонскиот филм во фокусот на „Tirana International Film Festival 2026“

    18/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.