Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Одржана првата форумска сесија за давање предлози за креирање на Буџетот на Општина Берово за 2026
    Македонија

    Одржана првата форумска сесија за давање предлози за креирање на Буџетот на Општина Берово за 2026

    19/11/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во присуство на голем број граѓани, претставници на институции и организации, во пријатна и конструктивна атмосфера, денеска, се одржа првата форумска сесија и започна процесот на креирање на Буџетот на Општина Берово за 2026 година. На почетокот, со пригодно обраќање се претстави градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, кој ја истакна важноста на ваквите средби, како можност за заедничко креирање решенија и политики на локално ниво.

    Граѓаните активно учествуваа во дискусијата и предложија голем број идеи и проекти, насочени кон подобрување на инфраструктурата, уредувањето на јавните простори, развојот на културата, спортот и социјалните услуги, унапредување на системот за противпожарна заштита и слично. Секој предлог беше внимателно забележан и ќе биде разгледан од страна на работно тело, кое е формирано за да ги разгледа предлозите и да ја утврди можноста на реализација, во периодот измеѓу двете сесии, после што секој проект, кој нема пречки за реализација, ќе биде ставен во соодветната програма за работа во 2026 година.

    Оваа форумска сесија претставува значаен чекор кон поголема транспарентност и партнерство помеѓу локалната самоуправа и граѓаните. Општината ќе продолжи да го поттикнува активното учество на сите жители, со цел заеднички да создадеме подобра и пофункционална заедница.

    Програмата „Форуми во заедницата“ е проект, што обезбедува партиципативна платформа за развој, чија цел е промовирање и унапредување на доброто владеење и демократија на локално ниво, преку давање поддршка на локалните власти и администрацијата, во зголемувањето на нивната транспарентност и отчетност кон заедницата, и овозможување активно учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки.

    Previous ArticleСоветот на општина Пехчево утре ја одржува првата седница на Советот – 19 точки на дневен ред
    Next Article Пехчево ќе биде домаќин на најдобрите основци и средношколци од целата држава на Државното првенство во пинг-понг 2025!

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.