Денеска на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од 13:00 часот, екипата на Вардар го пречекува стариот добро познат градски ривал тимот на Шкупи.
Сега, некогашните шампиони на Македонија се во дијаметрално спротивни ситуации. Вардар само што не се промовирал во есенски шампион, а Шкупи иако има уште цела полусезона за играње во актуелниот ПМФЛ шампионат, може уште од сега да се подготвува за второлигашкото битисување.
Давид Бабунски е новитетот во Вардар сезонава. Македонскиот репрезентативец донесе стабилност и искуство во екипата, што на „црвено – црниот“ табор секако дека му е потребно.
„Сакаме да ја продолжиме низата на победи и да ја завршиме годината на најдобар можен начин. Целта е јасна и оваа сезона. Сепак, иако сме на добар пат, има уште доста да се игра до крајот на сезоната“, вели Бабунски па продолжува.
