Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Муцунски и Тошковски со македонската дијаспора во САД за Велигден

    Гвардиола: Да светеше сонцето во ноември, ќе бевме шампиони во јануари

    Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»ХИВ не е пречка за семејство, туку стигмата: 14 бебиња се родиле ХИВ негативни од ХИВ позитивни родители
    Македонија

    ХИВ не е пречка за семејство, туку стигмата: 14 бебиња се родиле ХИВ негативни од ХИВ позитивни родители

    01/12/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во моментов на Клиниката за инфективни болести во Скопје се лекуваат 459 пациенти кои живеат со ХИВ. Тие примаат редовна терапија која вклучува современи лекови согласно најновите препораки на СЗО. На денот кога светот го одбележува Светскиот ден за борба против СИДА, поразговараме со Атанас Аврамов од здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ, „Заедно посилни“.

    „Се проценува дека 7 од 10 луѓе го знаат својот ХИВ статус, а тројца не го знаат, иако го имаат, што е причина за продуцирање нови инфекции. Годинава имаме 14 бебиња родени ХИВ негативни, иако некој од родителите им е со позитивен ХИВ статус. Паровите кои сакаат да имаат семејство, тоа го пријавуваат на клиника и според одреден протокол и терапија, можат без поголеми пречки да стасаат до здраво потомство“, вели Аврамов.

    Дискриминација во здравството, пациент со ХИВ бил одбиен за спермограм 

    Луѓето кои живеат со ХИВ во Македонија и понатаму се соочуваат со сериозна стигма и дискриминација, посебно при добивање здравствени услуги. Како што вели Аврамов, најголемиот проблем е незнаењето и неедуцираноста за начинот на пренос на вирусот.

    „Имаме примери кога пациент е одбиен за услуга за која воопшто не постои ризик од зараза. Едно ХИВ позитивно лице беше одбиено да направи спермограм иако немало ризик од пренос“, вели Аврамов.

    „Заедно посилни“ работи на ова поле и организира обуки за сензитивизација на здравствените работници.

    „Лице што прима терапија не може да ја пренесува инфекцијата. Лекарите слободно можат да оперираат пациент со ХИВ доколку е под терапија. ХИВ статусот не влијае на третманот. Само ограничен број специјалности имаат пристап до овој медицински податок“, додава тој.

    Мобинг, изолирање, откази на работно место 

    Стигмата не застанува во ординацијата. Многу лица со ХИВ се соочуваат со сериозни последици и на работните места, најчесто во приватниот сектор.

    „Имаме зголемен број случаи годинава каде што луѓе се соочуваат со мобинг или добиваат отказ откако ќе го откријат својот ХИВ статус. Најчесто тоа се случува во приватниот сектор“, објаснува Аврамов, кој вели дека жртвите обично пријавуваат за овие појави во Државниот инспекторат за труд, но ретко покренуваат постапка.

    „Луѓето треба да знаат дека ХИВ не може да се пренесе при вообичаени работни активности“, додава Аврамов.

    Министерството за здравство оваа година обезбедило повеќегодишна набавка на ХИВ терапија, чекор кој според Аврамов, значително ја подобрил сигурноста кај пациентите.

    „Тие добиваат современа терапија и во тој сегмент не би рекол дека се соочуваат со тешкотии“, додава тој.

    ХИВ и понатаму е голем глобален здравствен проблем. Досега се регистрирани 44,1 милиони смртни случаи на светско ниво, а само во 2024 година бројката на луѓе кои живеат со ХИВ достигнала 40,8 милиони.

    Годинава, мотото на Светскиот ден за борба против СИДА е „Надминување на нарушувањата, трансформирање на одговорот кон СИДА“, порака која повикува на акција за ставaње крај на епидемијата до 2030 година.

    Previous ArticleМајли Сајрус го лажела својот поранешен сопруг повеќе од 10 години за тоа како ја изгубила невиноста
    Next Article За 12 часови евидентирани 65.000 сообраќајни прекршоци

    Поврзани вести

    Полицијата приведе 38-годишник од Камењане за инволвираност во борби со кучиња

    12/04/2026

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Малата депонија со линдан во Охис ќе се чисти уште најмалку три години

    11/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Муцунски и Тошковски со македонската дијаспора во САД за Велигден

    Гвардиола: Да светеше сонцето во ноември, ќе бевме шампиони во јануари

    Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

    Ерик Свалвел се откажа од трката за гувернер на Калифорнија поради обвинувања за сексуално вознемирување

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.