Дакота Џонсон е позната по тоа што ги обожава црните фустани од тантела, кои многу се истакнуваат, но овој пат реши да сврти сè и да ја покаже својата друга, софистицирана страна.
Прекрасната бринета неодамна присуствуваше на гала-вечер на списанието „Холивуд рипортер“, годишен настан посветен на жените.
За оваа свечена пригода таа одлучи да облече минималистичко парче облека или, поточно, мало црно фустанче, што секоја жена го има во својот гардеробер.
Станува збор за фустан со рамен крој, кој ја следи линијата на телото и ѝ ја нагласува витата фигура на актерката. Стилот го надополни со дискретни додатоци, шминка во земјени тонови, но и брановидна фризура, што ѝ паѓаше на рамената.
Со овој потег Дакота докажа дека не ѝ се потребни скапи парчиња облека за да ја истакне својата природна убавина.
