Close Menu
Malesh
    Актуелно

    ФИФА попушти: Финалето на СП 2026 ќе се гледа и за 60 долари

    (Видео) Розова од глава до пети: Познатата русокоса прошета низ градот како Барби

    Лукаку се врати на тренинг, ќе игра на Суперкупот

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Муцунски од Брисел: Сите држави од Западниот Балкан заедно во ЕУ
    Политика

    Муцунски од Брисел: Сите држави од Западниот Балкан заедно во ЕУ

    17/12/20255 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Муцунски истакна дека пристапниот процес не е само за една или две земји од регионот да се приклучуваат кон Европската Унија, туку тоа го сторат сите држави од Западниот Балкан.

    „Тоа не мора да се случи во исто време. Знам дека системот не функционира така, но треба да бидеме таму заедно. Ниедна држава во регионот не треба да биде изолирана од полноправно членство во ЕУ и од нас зависи да работиме врз основа на стандарди, врз основа на критериуми и да гледаме кон иднината. Помалку да гледаме кон минатото, а повеќе кон иднината, бидејќи иднината е она што може да нè обедини“, истакна Муцунски.

    Настанот беше посветен на чествување на културното богатство, разновидноста и европската иднина на Западниот Балкан, со посебен акцент на една од најсимболичните традиции во регионот – уметноста на правење на вино.

    Кога станува збор за виното, Муцунски нагласи дека многумина не знаат дека многу од земјите во регионот користат грозје од друга држава за да направат свое вино.

    „Ние сме исклучително горди што многу од земјите во регионот го нарекуваат виното свое, а барем дел од процентот на грозје во нивното вино е македонско. Нема да ги именувам земјите во моментов за никој да не се навреди, бидејќи тоа секогаш е малку ризично во нашиот регион, но она што тоа го покажува е дека кога работиме заедно можеме да го направиме најдобриот производ. Производот што сите го сакаат и производот што е вистински европски“, истакна Муцунски.

    Еврокомесарката Кос во обраќањето на настанот рече дека кога станува збор за Западниот Балкан премногу се зборува за политика, за кластерите, поглавјата, критериумите и преговорите, а всушност се заборава дека регионот е многу повеќе од тоа.

    „Моите кандидати за членство се повеќе од само трчање по преговорите, по исполнување обврски, постојано велење да… Вистинската цел на оваа вечер е да покажеме дека ние сме луѓе и треба подобро да се познаваме. Знаеме кои се нашите земји, какви се нашите луѓе, каква храна сакаат и оваа вечер е да разговараме за тоа“, истакна Кос, додавајќи дека земјите од регионот се познати по свето гостопримството и тоа може се почувствува и на овој настан.

    Таа додаде оти знае колку земјите од Западен Балкан можат да бидат страствени и колку љубов вложуваат во процесот на пристапување, за да и докажат на ЕУ дека навистина сакаат да бидат дел од неа.

    „Мислам дека понекогаш треба да им кажеме: Не мора да го правите тоа. Вие сте Европејци. Вие сте дел од нас. Она што го правиме сега е формалност и тоа ми дава енергија да работам со вас“, рече Кос, најавувајќи дека една од задачите што си ги поставила пред себе за наредниот период е да работи на тоа државите од Западниот Балкан да станат попознати во земјите членки на ЕУ.

    Еврокомесарката нагласи дека на регионот му е потребно повеќе прославување, па најави дека си дала ветување оти по завршување на техничкиот дел од преговорите за членство на секоја од земјите кандидати, ќе се искачи на највисоката планина во таа држава, додавајќи дека кога станува збор за Македонија, планира да се искачи на Кораб.

    „Тоа е еден вид визија. Тешка работа. Не може секој да се искачи до врвот, но ако не се обидеш, никогаш нема да успееш. Тоа е сликата што сакам да ја претставам за земјите кандидати кога за нив им зборувам на другите. Да, тие сакаат да станат членки и работат чекор по чекор, но тоа не може да се случи преку ноќ. Тоа е и мојата порака вечерва. Ве молам продолжете натаму“, им порача Кос на земјите од регионот.

    Домаќинот на настанот, кој се одржа во новите простории на Мисијата на Албанија при ЕУ, албанскиот премиер Еди Рама истакна дека овој настан е за виното и не би сакал многу да говори за услови, усогласување, критериуми или други работи за кои е задолжена Кос.

    „Еднаш некој ме праша како се справувам со сите тие работи. Реков: Им велам да, за сè што ќе ми кажат… Тоа е лудо. На ЕУ и велите те сакам, а ЕУ ви вели: Во ред, но што е со вашата усогласеност. Вие велите: Но, те сакам, а Европа вели: Добро, но има некои критериуми. Таа музика на Брисел е неверојатна, со нејзиниот одбранбен став и сите тие работи“, рече Рама.

    Посакувајќи им „на здравје“ на сите присутни, Рама додаде дека ние на Балканот сме како „слатка болест“, која кога ќе ја добиете ви го зафаќа стомакот, срцето, мозокот и не сакате да се слободите од неа.

    „Ние станавме толку многу Европејци, што овде веќе не знаете кој е Балканец, кој е од ЕУ. Тоа е добро за оние од ЕУ. Добро е за нив да личат на нас“, додаде Рама.

    Во најавата на настанот беше наведено дека обединувањето на Европа може да се заснова само на нашите споделени вредности, поттикнати од поединци и инспирирани од заедничка култура и историја.

    „Овој симболичен собир се стреми да ги почитува овие врски во средина што негува дијалог, пријателство и меѓусебно разбирање“, се нагласува во најавата на настанот.

    На настанот со свои штандови на кои беа изложени вина и традиционална храна беа претставени сите земји од регионот, со исклучок на Србија, која во последен момент го откажала учеството.

    Македонскиот штанд беше еден од најбогатите, каде покрај вина и лозова ракија, посетителите може да уживаат во тавче гравче, сарма, ајвар, пинџур, малиџано, урнебес салата, проја, кифлички…, се подготвено од страна на вработените во нашата Мисија при ЕУ.

    Previous ArticleВо Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ втора Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025
    Next Article Трамп нареди блокада на сите танкери за нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела

    Поврзани вести

    Изгласана потребата од носење предлог закон за Судски совет

    16/12/2025

    Пратениците денеска ќе решаваат за разрешување на државниот обвинител Коцевски

    16/12/2025

    Премиерот Мицкоски во Брисел на самит за Западен Балкан

    16/12/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    ФИФА попушти: Финалето на СП 2026 ќе се гледа и за 60 долари

    (Видео) Розова од глава до пети: Познатата русокоса прошета низ градот како Барби

    Лукаку се врати на тренинг, ќе игра на Суперкупот

    Нови потпретседатели на СДСМ се Александар Трајановски и Јована Тренчевска

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.