Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Свет»Американските сили фокусирани на блокада на венецуелскиот извоз на нафта
    Свет

    Американските сили фокусирани на блокада на венецуелскиот извоз на нафта

    25/12/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Белата куќа им нареди на американските воени сили во следните два месеца да се посветат на спроведување блокада на венецуелската нафта, изјави за Ројтерс анонимен американски функционер.

    Според функционерот, иако воените операции остануваат како опција, приоритет е користење економски притисок преку спроведување санкции со цел да се постигне исходот што го посакува Белата куќа. Американскиот претседател Доналд Трамп јавно не ги прецизираше своите цели во однос на Венецуела, но, според претходни информации на Ројтерс, вршел притисок врз венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Во понеделникот Трамп изјави дека би било „паметно“ Мадуро да се повлече од власта.

    Функционерот наведе дека досегашните мерки создале огромен притисок врз венецуелската влада и дека постои можност до крајот на јануари земјата да се соочи со сериозна економска катастрофа доколку не прифати значајни отстапки кон САД.

    Американската администрација ја обвинува Венецуела дека учествува во шверц на дрога кон САД. Во изминатиот период, американските сили напаѓаа бродови за кои тврдат дека превезувале дрога, потези што предизвикаа критики од повеќе држави поради вонсудски убиства. Трамп во неколку наврати се закани и со напади врз инфраструктура поврзана со трговијата со дрога, а одобрил и тајни операции на ЦИА насочени кон венецуелската власт.

    Овој месец американската крајбрежна стража пресретна два танкера во Карипското Море со венецуелска нафта. Според Ројтерс, таа се подготвува и за трета заплена на санкциониран брод со име „Бела-1“, по неуспешен обид во неделата.

    Иако не беа дадени детали што точно значи воените сили да се фокусираат „речиси исклучиво“ на спроведување блокада, познато е дека Пентагон има огромно присуство во Карибите, со повеќе од 15.000 војници.

    Во вторникот САД им соопштија на Обединетите нации дека ќе ги спроведуваат санкциите „до максимален степен“ со цел да го лишат Мадуро од финансиски ресурси. Претходно овој месец, Трамп нареди блокада на сите санкционирани нафтени танкери што влегуваат или излегуваат од Венецуела. Експерти на Обединетите нации во средата ја осудија блокадата, оценувајќи дека таквата употреба на сила се смета за незаконска вооружена агресија.

    Previous ArticleСкандалозно: Во Србија ни ВАР не помага! Најважно е кој ги повлекува линиите!
    Next Article Силна експлозија пред банкарска филијала во Евосмос, Солун оштети автомобили и деловни објекти

    Поврзани вести

    Унгарската полиција одобри да се случи Прајд во Будимпешта како прекин на ерата на Орбан

    29/05/2026

    Европската Унија ги одмрзна средствата на Унгарија во вредност од 16.2 милијарди евра по состанокот меѓу Маѓар и Фон дер Лајен

    29/05/2026

    Кенискиот суд ги суспендира плановите за карантински центар за ебола за Американците

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    НАЈЧИТАНИ

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    30/05/2026

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.