СТАНИ ДЕЛ ОД НАЈУБАВАТА ДЕТСКА ФЕСТИВАЛСКА ПРИКАЗНА!
Дали си од Делчево, Македонска Каменица, Пехчево или Берово?
Сакаш да пееш, да настапуваш и да се почувствуваш како вистинска ѕвезда?
Те покануваме да учествуваш на Детскиот музички фестивал ,,Ѕвезда 2026″, кој ќе се одржи во мај наредната година.
Можност за настап како пејач (секој учесник ќе добие специјално компонирана песна токму за него/неа, која претходно ќе се сними во професионално музичко студио. На фестивалот учесниците ќе ги изведуваат песните ,,плејбек”)
Учество во фестивалскиот хор
Танцов настап
Местата се ограничени и брзо се пополнуваат!
Пријави се веднаш и биди дел од најубавата музичка приказна!
