Градоначалникот на Општина Делчево, заедно со претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, и претседателката на синдикалната организација при Општина Делчево, Ивана Ивановска, потпиша Анекс за измена и дополнување на Колективниот договор на Општина Делчево.
Со потпишувањето на Анексот се регулира и зголемува висината на платите на вработените во Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Делчево, со што се решава деценискиот проблем на професионалните пожарникари.
Истовремено, со измените во Колективниот договор се предвидува зголемување на платите и за сите вработени во Општина Делчево, со што се унапредува нивниот статус и се подобруваат условите за работа.
Овој чекор претставува значајно унапредување на правата на вработените и придонесува кон поголема мотивација, стабилност и ефикасност во извршувањето на секојдневните работни обврски, како и кон зајакнување на институционалната функционалност на Општина Делчево.

