Во новогодишната ноќ, заедно со претседателот на Советот на Општина Делчево, Д-р Стојменовски и заменик градоначалничката Д-р Илиевска Велковски, ги посетивме дежурните служби од институциите кои се грижат за нашата безбедност, здравје и безбедно движење. Бевме во посета на ОВР Делчево, Граничниот премин Делчево, ТППЕ Делчево и Итната медицинска помош и за прв пат и на дежурните точки во Делчево на „Македонија пат“ и на Царинска управа.
Во рамки на посетите доставивме и опрема: 4 душеци, телевизор, компјутер, мал шпорет и специјални светилки, како мал знак на поддршка и внимание за нивната секојдневна работа.
Изразив огромна благодарност и искрена почит до сите вработени, кои и во новогодишната ноќ се на своите работни места, грижејќи се за сите нас. Нивната пожртвуваност и одговорност навистина заслужуваат длабока почит. На сите нив им посакав среќни празници, многу здравје, лична среќа и успех во годината што доаѓа.


