Градоначалникот Александар Китански и членот на Советот на општина Пехчево Благојчо Јовевски ги посетија институциите и вработените кои на Новогодишната ноќ работат трета смена, со цел да им изрази поддршка и благодарност на вработените за нивната посветеност и одговорност.
При посетата, тој се информираше за условите за работа и предизвиците со кои се соочуваат, нагласувајќи ја важноста на нивниот придонес за непречено функционирање на заедницата. Воедно им ги честита Новогодишните и Божиќните празници и им посака многу здравје, среќа и успеси во Новата 2026 година.




