Настапот на Кристијан Бенито, пристигнувањето на Дедо Мраз и одличната забава со DJ BONO & DJ TAMMY создадоа прекрасна атмосфера и незаборавни моменти за најмладите и за сите присутни. 

Пред присутните се обрати градоначалникот Петар Ружински, кој им ја честита Новата година на граѓаните и им посака здравје, среќа и успешна 2026 година.
Благодарност до сите граѓани кои беа дел од настанот, како и до пријателите и соработниците, кои со својата поддршка, придонесоа за успешна реализација.



