Свештенството при храмот Св. Петар и Павле – Пехчево, во соработка со Општина Пехчево, ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево и ОЈУДГ „7 Септември“ – Пехчево, а по повод еден од најголемите Христијански празници, Рождество Христово–Божиќ, организира Бадникова литија ( поворка ).
Бадниковата литија ќе се одржи на 06.01.2026 година со почеток во 09:00 часот од Храмот Свети Петар и Павле каде сите дечиња ќе добијат Божиќна ѕвезда.
Ги повикуваме сите дечиња и сите заинтересирани граѓани да земат учество во Бадниковата литија и да го одбележиме Христијанскиот празник Божиќ.


