ВЕЧНИОТ БОГ одекна и во храмовите на Берово , носејќи ја радосната вест за Раѓањето на Богомладенецот ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС

Со радост и песна, низ пријатна и топла атмосфера, денеска,во Берово се одржа, Бадникова литија(Поворка), која како симболично предвестие на Христовото раѓање, се одржа во Берово.
Во духот на вековната православна традиција, децата и учесниците со песна, светлина и чиста радост, пренесоа порака за мир, љубов и надеж, најавувајќи го големиот празник, Божиќ.
Овој светол настан, внесе благослов и духовна радост, обединувајќи ги сите генерации, во исчекување на Христовото раѓање и празничната светлина што ја носи Божиќ.
Сите заедно најмладите и нивните родители го најавија празникот на љубовта и светлината, собирајќи го верниот народ во молитвено единство![]()
Божиќната литија низ улиците на Берово ја предвести големата христијанска радост – РАЃАЊЕТО НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС

ХРИСТОС СЕ РОДИ![]()
НАВИСТИНА СЕ РОДИ

