Општина Пехчево во соработка со Општинската установа Матична библиотека „Кочо Рацин“ – Пехчево ќе организира промоција на книгите „Ангелот по име аутизам“ и „Светот на аутизмот – Патувањето на Леон“ од авторката Амела Мемиш Апостоловска.
Промоцијата ќе се одржи во понеделник, на 12 јануари 2026 година, во Домот на културата „Јане Сандански“ во Пехчево, со почеток во 14:00 часот.
Настанот има за цел подигање на јавната свест за аутизмот и запознавање на пошироката јавност со предизвиците и искуствата на лицата од аутистичниот спектар и нивните семејства.

