Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Свет»Економијата на Кина со позитивен раст и покрај повисоките царини за извоз во САД
    Свет

    Економијата на Кина со позитивен раст и покрај повисоките царини за извоз во САД

    14/01/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Трговијата на Кина достигна „нов историски максимум“ во 2025 година, а Пекинг планира „повеќе да се отвори“ во 2026 година, додека царините воведени од претседателот на САД, Доналд Трамп, ги принудија производителите да ги насочат своите производи кон алтернативни пазари, пренесува Дојче Веле.

    Кина забележа силен раст на извозот во 2025 година со рекорден трговски суфицит од 1,2 трилиони долари, откако производителите се пренасочија кон алтернативни пазари, надвор од САД поради царините на Трамп.

    Податоците од царината покажуваат дека глобалниот суфицит на Пекинг пораснал за 20 отсто во однос на претходната година, кога изнесувал 992 милијарди долари. Извозот во 2025 година достигнал 3,7 трилиони долари, а увозот 2,58 трилиони долари, соопшти владата во средата.

    Рекордниот суфицит бил поттикнат и од раст од 6,6 отсто на извозот во декември во споредба со декември 2024 година, што е подобар резултат од очекувањата на економистите. Пекинг ја турка трговијата како главен двигател на економскиот раст поради долготрајната криза во секторот за недвижности и слабата домашна побарувачка.

    Рекордниот суфицит веројатно ќе ги вознемири странските пазари, кои и онака се загрижени за трговските практики на Кина и нивната зависност од кинеските производи.

    Трговијата во 2025 година за првпат надмина 45 трилиони јуани, односно 6,4 трилиони долари, изјави заменик-министерот за царина Ванг Џун на прес-конференција во Пекинг, додавајќи дека тоа е „нов историски максимум“.

    Тој рече дека некои земји ги политизирале трговските прашања и го ограничиле извозот на висока технологија во Кина, и дека доколку тоа не било случај, Кина би увезла повеќе. Притоа не ги спомена директно царините на Трамп.

    „Сепак, со поразновидни трговски партнери, способноста на Кина да се справи со ризици значително се зајакнала“, рече министерот, додавајќи дека кинескиот пазар ќе се „отвори повеќе“ во 2026 година“.

    „Очекуваме извозот и во 2026 година да остане голем двигател на растот“, изјави Жаклин Ронг, главен економист за Кина во француската банка BNP Paribas.

    Во меѓувреме, Гери Нг, висок економист во француската инвестициска банка Natixis, очекува извозот на Кина да порасне за околу 3 отсто во 2026 година, што е нешто помалку од растот од околу 5 отсто во 2025 година. Тој очекува трговскиот суфицит да остане над 1 трилион долари и оваа година.

    Извор: Дојче Веле

    Previous ArticleМитревски: Тимот е доволно созреан за да направиме нешто плус на големите натпреварувања!
    Next Article СДСМ: Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата

    Поврзани вести

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    18/02/2026

    Експерти на ОН велат дека делата на Епштајн се злосторство против човештвото

    18/02/2026

    Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на Трамп за прикривање на досиејата на Епштајн

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.