Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Општина Делчево со засилени активности за чиста и безбедна животна средина
    Македонија

    Општина Делчево со засилени активности за чиста и безбедна животна средина

    14/01/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Извор: општина Делчево

    Општина Делчево и месните заедници продолжуваат со конкретни активности насочени кон унапредување на животната средина, зачувување на јавниот простор и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

    Во село Габрово, претставници на Месната заедница, заедно со лица ангажирани преку Програмата за извршување јавни работи на Општина Делчево, реализираа заедничка акција за чистење на јавната површина околу селската џамија. Просторот беше исчистен од отпад и дивоизрасната вегетација, со што значително се подобри изгледот и функционалноста на оваа локација, која претставува и значаен историски споменик во селото. Акцијата беше иницирана од Советот на МЗ Габрово и е дел од приоритетните активности за создавање почиста и поздрава животна средина.

    Извор: општина Делчево

    Градоначалникот Гоцевски ја истакна важноста на ваквите иницијативи, нагласувајќи дека тие се пример како граѓанската активност, организирана преку месните заедници, може да резултира со брзи и ефикасни решенија, со поддршка од Општината.

    Паралелно со овие превентивни и уредувачки активности, Општина Делчево и надлежните служби покажаа висока подготвеност и во справување со вонредни состојби. Во текот на ноќта беше запалена градската депонија, при што, имајќи ги предвид временските услови, постои основано сомнение дека станува збор за намерно палење од човечки фактор. По пријавата, надлежните служби веднаш интервенираа, а со навремена и координирана акција пожарот беше локализиран и целосно изгаснат, со што беше спречена поголема материјална штета и потенцијална опасност по здравјето на граѓаните и животната средина.

    Општина Делчево апелира до граѓаните за одговорно однесување и активно вклучување во заштитата на животната средина, истакнувајќи дека само со заедничка грижа, превенција и брза реакција може да се обезбеди чиста, уредена и безбедна средина за сите.

    Previous ArticleГрадоначалникот на општина Пехчево Александар Китански ги посети младите репрезентативци на пингпонгарскиот камп во Пехчево
    Next Article Ѕвегорските суроваскари и годинава го бркаа злото од Пијанец

    Поврзани вести

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Малата депонија со линдан во Охис ќе се чисти уште најмалку три години

    11/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.