Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Делчево се подготвува за одбележување на празникот Св. Богојавление – Водици
    Македонија

    Делчево се подготвува за одбележување на празникот Св. Богојавление – Водици

    15/01/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Со поддршка од истакнати стопанственици кои живеат во Делчево, но и надвор од градот, како и од поединци кои оставиле значаен белег во развојот и афирмацијата на Делчево, годинава ќе се одржи чествувањето на православниот христијански празник Св. Богојавление – Водици. За присутните ќе бидат обезбедени топли напитоци, а предвидени се и други активности за што дополнително ќе информираме.

    Во Делчево привршуваат подготовките за традиционалното одбележување на празникот, кој, почитувајќи ја вековната традиција, во понеделник, 19 јануари, ќе започне во градската црква „Успение на Пресвета Богородица“ со света архиерејска литургија во чест на празникот, со почеток во 08:00 часот, а со која ќе чиноначалствува Неговото преосвештенство, епископот г. Марко.

    Светата литија ќе започне во 10:00 часот од градската црква во Делчево и ќе се движи до мостот на реката Брегалница, каде ќе биде донесен светиот крст. Во 10:30 часот ќе се одржи чинот на осветување на водите на реката Брегалница. Според информациите од Делчевската Парохија и Делчевско-каменичката епархија веќе е во тек пријавувањето на момчињата кои ќе скокнат во водите на реката Брегалница по светиот крст.

    По традиција, по чинот на осветувањето на водите, светиот крст ќе биде положен пред иконостасот во градската црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево.

    По повод празникот, во градскиот парк ќе биде организирана пригодна прослава со учество на локални угостители.

    Previous ArticleИталијанската инфлуенсерка Киара Ферањи ослободена од обвиненија за тешка измама
    Next Article Делчево ќе добие Младински центар – простор за поврзување, идеи и активизам на младите

    Поврзани вести

    (4) Дрогата меѓу учениците, училиштата во Полог без психолози и социолози: Институциите се обвинуваат меѓусебно

    29/05/2026

    Мицкоски за иницијативата на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата

    29/05/2026

    Четворица албански државјани приведени за незаконит риболов во Преспанското Езеро

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.