Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Светските лидери „на дијалог“ во Давос, меѓу нив и премиерот Мицкоски: Фокусот ќе биде на геополитика
    Македонија

    Светските лидери „на дијалог“ во Давос, меѓу нив и премиерот Мицкоски: Фокусот ќе биде на геополитика

    19/01/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Швајцарскиот град Давос повторно ги пречекува највлијателните личности од политичкиот, економскиот и културниот свет на годишниот состанок на Светскиот економски форум (СЕФ), пренесува Дојче Веле. 

    Настанот се одржува во време кога претседателот на САД, Доналд Трамп настојува да го разниша постојниот меѓународен поредок, од укинување на воспоставените трговски правила и масовно повлекување од меѓународни организации, до апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро и заканите за анексија на Гренланд.

    Само неколку дена пред почетокот на форумот, Трамп се закани со царини кон осум земји-членки на НАТО, меѓу кои Германија, Франција и Обединетото Кралство, доколку не го поддржат неговиот план за преземање на Гренланд. Ова предизвика остри реакции од европските сојузници.

    Нападите на Трамп врз меѓународните правила воспоставени по Втората светска војна, како и нивното влијание врз светскиот мир, политиката и економијата, ќе бидат меѓу главните теми на петдневниот форум што започнува на 19 јануари под мотото „Во духот на дијалогот“.

    На форумот ќе присуствуваат повеќе од 60 шефови на држави и влади, меѓу кои германскиот канцелар Фридрих Мерц, канадскиот премиер Марк Карни, аргентинскиот претседател Хавиер Милеј, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, кинескиот вицепремиер Хе Лифенг, пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф и сирискиот лидер Ахмад ал-Шараа.

    После шест години, Трамп се враќа на форумот и ја предводи најголемата американска делегација во Давос, составена од пет министри и други високи функционери. Во делегацијата се и државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Се очекуваат разговори за Украина, Венецуела, Газа и Иран.

    Трамп треба да се сретне и со украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите од Г7 за да побара американска поддршка за безбедносни гаранции за Украина по можен мировен договор со Русија.

    Иако геополитичките кризи ќе доминираат, ќе се разговара и за другите предизвици со кои се соочува светската економија.

    За глобалната економија проектираниот раст од 3,1% во 2026 година не е идеален, особено затоа што светскиот долг е на највисоко ниво од Втората светска војна наваму. Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека состојбата со долгот е особено загрижувачка во неколку африкански земји. Економските судири меѓу државите се најголем глобален ризик, според годишниот извештај на СЕФ.

    Годинава и Република Северна Македонија ќе учествува на СЕФ со владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Тој ќе биде дел од повеќе панел-дискусии и затворени сесии со светски лидери, каде што ќе се разговара за одржлив економски раст, со особен фокус на вештачката интелигенција, а планирани се и билатерални средби со компании кои може да бидат потенцијални инвеститори во државата.

    Безбедноста во Давос е на највисоко ниво, со затворен воздушен простор, борбени авиони и ангажман на околу 5.000 војници за логистичка и техничка поддршка.

    Previous ArticleБогојавление – Водици во Берово – Благој Дујовски, прв до светиот крст
    Next Article Мицкоски од утре на Светскиот економски форум во Давос со владина делегација (ВИДЕО)

    Поврзани вести

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    18/02/2026

    Затворен патот од Гостивар кон Чегране, Вардар се излеа во Форино

    18/02/2026

    Општина Кисела Вода ги отфрли обвинувањата на иницијативата „Стоп за Усје“ за мерната станица

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.