Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Свет»Откако Трамп најави нови царини, Макрон предложи Г7 самитот да се одржи во Париз
    Свет

    Откако Трамп најави нови царини, Макрон предложи Г7 самитот да се одржи во Париз

    20/01/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во „приватна порака“ до американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон предложил да се организира самит на Г7 во четврток во Париз, на кој би биле поканети Данска, Украина, Сирија, а „покрај главната средба“ и Русија, пренесува Дојче Веле.

    Автентичноста на пораката, која Трамп ја објави на својата социјална мрежа Truth Social, ја потврди и кабинетот на Макрон.

    „Можам да организирам состанок на Г7 во Париз во четврток попладне, по завршувањето на форумот во Давос“, напишал Макрон, мислејќи на Светскиот економски форум во Швајцарија, каде што се очекува и присуство на Трамп.

    „Можам да ги поканам Украинците, Данците, Сиријците и Русите како дел од придружната агенда“, додал тој.

    Иако Макрон изјавил дека Франција и САД имаат слични ставови за прашања како Сирија и Иран, тој нагласил дека „не го разбира“ планот на Трамп за преземање на Гренланд.

    Пораката доаѓа откако Трамп се закани со нови царини од 10 отсто за осум европски земји, меѓу кои и Франција, поради нивното противење на неговите планови за Гренланд. Дополнително, тој најави и царини од 200 отсто за француското вино, поради намерата на Франција да одбие покана да се приклучи на неговиот „Одбор за мир“ во Газа. Трамп директно ја поврза заканата со царини со наводното одбивање на Макрон да учествува во одборот, кое американскиот претседател го претставува како форум за решавање на глобалните конфликти.

    Според планот, постојаните членки би требало да уплатат по една милијарда долари (околу 857 милиони евра) во фонд со кој би раководел Трамп како претседавач. Откако наводно Макрон одлучил да не се приклучи, Трамп го омаловажи ставот на францускиот претседател.

    „Тој го кажал тоа? Па, никој не го сака, бидејќи многу скоро ќе биде надвор од функција“, изјави Трамп.

    „Ќе ставам царина од 200 проценти на неговите вина и шампањи и тогаш ќе се приклучи, но и не мора“, додаде тој.

    Извор близок до Макрон за агенцијата АФП во понеделникот изјави дека Франција „нема намера позитивно да одговори“ на поканата. Во вторникот, АФП пренесе и изјава од друг извор близок до францускиот претседател, според кој заканите со царини за да се „влијае врз нашата надворешна политика“ се „неприфатливи и неефикасни“. Досега, околу 60 национални лидери добиле покана да се приклучат.

    Previous ArticleДебата во Собрание: Граѓаните очекуваат поголем парламентарен надзор и контрола врз работата на Владата
    Next Article Обвинителот бара куќен притвор за судијата кој заѕида 350.000 евра во семејната куќа

    Поврзани вести

    Унгарската полиција одобри да се случи Прајд во Будимпешта како прекин на ерата на Орбан

    29/05/2026

    Европската Унија ги одмрзна средствата на Унгарија во вредност од 16.2 милијарди евра по состанокот меѓу Маѓар и Фон дер Лајен

    29/05/2026

    Кенискиот суд ги суспендира плановите за карантински центар за ебола за Американците

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    НАЈЧИТАНИ

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    30/05/2026

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.