Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Судијата ги криел парите во ѕид зад кујнските плочки
    Македонија

    Судијата ги криел парите во ѕид зад кујнските плочки

    20/01/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Осомничениот судија Ѓ.Р. од Неготино, во чиј дом на родителите беа прнајдени 35.000 евра, ги криел парите зад кујнски плочки, соопшти денеска МВР.

    „При претресот во кујнската просторија на првиот кат, забележани се сомнителни градежни активности – делумна корекција на ѕидните плочки. При отстранување на една од плочките, во ѕидот е пронајдена дупка во која биле скриени алуминиумски ролни во форма на цилиндри, спакувани во 13 поединечни пакувања. Внатре се откриени вкупно 835 банкноти, 610 од по 500 евра и 225 од по 200 евра или околу 350.000 евра“, наведено е во соопштението од МВР.

    Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против судијата Ѓ.Р. (53) од Апелациониот суд Скопје, поради основано сомнение за „противправно стекнување и прикривање имот“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

    Според пријавата, судијата во периодот од 10 февруари 2020 до денеска, дал лажни податоци за својот имот и имотот на своето семејство, при што вредноста на имотот значително ги надминувала неговите законски приходи.

    „На 18 јануари, врз основа на наредба од судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје и во координација со јавен обвинител, извршен е претрес во домот на родителите на осомничениот во Неготино. При претресот во кујнската просторија на првиот кат, забележани се сомнителни градежни активности. Јавното обвинителство најавува продолжување на истрагата и преземање на сите законски мерки за утврдување на потеклото на средствата и одговорноста на осомничениот“, се додава во соопштението.

    Денеска, на осомничениот судија од Неготино, јавен обвинител побара да му биде определена мерка куќен притвор. Како што информираа во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), предметен јавен обвинител го сослушал осомничениот судија и му ги предочил прибраните докази врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил делата што му се ставаат на товар.

    „Ценејќи ги објективните услови што е потребно да бидат исполнети за определување на мерка за обезбедување присуство, како и субјективните што истата ја оправдуваат, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител му достави предлог за определување мерка куќен притвор“, информираа во Обвинителството.

    Previous ArticleИницијативата „Стоп за Усје“ ги повика граѓаните на утрешниот протест
    Next Article ДУИ ќе гласа за законските измени за „Безбеден град“

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Мицкоски во Вашингтон со конгресмените Тени и Селф: Разговаравме за значењето на стратешкото партнерство со САД

    16/09/2026

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.