Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Објавена книгата „Струмички шерифи“, комедија на струмички дијалект од Ацо Ѓоргиев
    Култура

    Објавена книгата „Струмички шерифи“, комедија на струмички дијалект од Ацо Ѓоргиев

    28/01/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Македоника литера“ неодамна објави драмски текст од струмичкиот автор Ацо Ѓоргиев со наслов „Струмички шерифи“, комедија на струмички дијалект.

    Дејството во овој драмски текст е сместено во осумдесеттите години на минатиот век во Струмица. Ѓоргиев на сатиричен, хумористичен, ироничен, провокативен, а во исто време и со груба подбивност, презрив и дрзок однос кон моралните и општествените состојби, отсликува една социјална, урбана и малограѓанска атмосфера на која посебна привлечност и дава нарацијата на струмичкиот дијалект.

    Во поговорот на книгата, Даниела Пејева Митева пишува дека Ацо Ѓоргиев „нуди своја естетика, која се базира на иронизирање, употреба на сарказам, па дури и гротескни мотиви во раскажувањето на една навидум обична приказна, со силни пораки за моралното и неморалното во секоја смисла… Доста добар впечаток во драмата оставаат: дијалектниот говор, изнијансираноста на ликовите, богатството на идеите е неусилено и сите идеи и теми се достојни за еден длабински херменевтички зафат. Сите случки во оваа драма не се сосема случајни, туку асоцијативни и контекстуални. Во нив дејствуваат ликови од реалноста, со јасно профилирани карактерни линии. Во ’Струмички шерифи‘ има палета различни ликови, со различни и точно утврдени карактери, кои не само што ја дополнуваат сатиричноста во самата ситуација, туку и ја определуваат и психолошката матрица врз која дејствуваат. Изненадувачки е што авторот Ѓоргиев не ја наметнува својата приказна како стожерна во неговиот наратив, туку преку дејствувањето на ликовите и развојот на дејството го апострофира ’моралното‘. Тука асоцијативно може да се насетат и да се видат апсурдностите од реалноста на секојдневниот живот.“

    Ацо Ѓоргиев (1970, Муртино, Струмичко) е афористичар, поет, раскажувач и драмски автор. Тој е меѓу најафирмираните современи македонски афористичари. Автор е на неколку афористички книги, застапуван е во антологиски и тематски збори на афоризми во Македонија и во регионот, учесник на повеќе домашни и меѓународни афористички манифестации.

    Добитник е на неколку награди за афоризам. Автор е и на книги со хумористични раскази и анегдоти на струмички дијалект. „Струмички шерифи“ е негов прв драмски текст.

    Previous Article(Фото) Фудбалерот има 33 години, неговата ќерка 21: Светот е во шок поради неговата животна приказна
    Next Article Протест за минимална плата: СДСМ поддржува 600 евра, ВМРО-ДПМНЕ критикува и предлага дијалог

    Поврзани вести

    Ќе се снима биографски филм за Слаткар, објавени филмовите што добија поддршка од Агенцијата за филм

    29/05/2026

    Инклузивна промоција на сликовницата „Големиот сон“ од Денис Јанкуловски

    28/05/2026

    Концерт по повод 60 години постоење на Факултетот за музичка уметност

    28/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    НАЈЧИТАНИ

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    30/05/2026

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.