Изведувачот СТОИМЕНОВ ДООЕЛ – Кочани на ден 02.02.2026 година (понеделник) започна со поставување на сообраќајна сигнализација и примена на времен режим на сообраќај, поради изведување на градежни работи во рамки на реконструкцијата на улицата „Индустриска“ во Делчево.
🛠️ Градежните активности ќе се одвиваат согласно изменет режим на сообраќај во вкупно 6 (шест) фази, при што пристапот за сопствениците и корисниците на деловните објекти лоцирани долж улицата ќе биде континуирано овозможен од страна на изведувачот.

🚦 За воспоставување на времениот режим ќе бидат поставени сообраќајни знаци и соодветна сигнализациска опрема, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот за сите учесници.
⏳ Времениот режим на сообраќај ќе биде на сила сѐ до целосно завршување на реконструкцијата на улицата „Индустриска“.
📣 АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација 🚧, сообраќајните правила и прописи, да се движат со намалена брзина и зголемена претпазливост, со цел поголема безбедност 🚗🚶♂️ и навремено завршување на градежните работи.
Општина Делчево продолжува со активностите за подобрување на патната инфраструктура и создавање побезбедни услови за сообраќај за сите граѓани 🌆✨
