Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»„Водовод“ е најголем загубар, ама толерирал неплаќање и двојни водомери
    Македонија

    „Водовод“ е најголем загубар, ама толерирал неплаќање и двојни водомери

    05/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Над 6,5 милиони евра годишно ќе заштедат скопските јавни претпријатија само од платите кои нема да ги исплатуваат на вработените кои не доаѓаа на работа и на кои им се прекинати договорите. Како и најголемиот дел од овие институции во другите општини, така и скопските се загубари со големи минуси на сметките. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека во претпријатијата имало многу недомаќинско работење, но и сериозни девијантни појави и криминал.

    Најголемиот скопски загубар, „Водовод и канализација“ толерирал злоупотреба на водата за пиење, поставување на двојни водомери и нерегулирање на состојбата со потрошена вода. Ова јавно претпријатие 2024 година ја завршил со загуба од 4,2 милиони евра, а лани имаше и највисоки краткорочни обврски, кои изнесуваа дури 53,3 милиони евра. „Водовод“ има големи обврски и за исплата на изградбата на пречистителната станица, проект кој долго време беше закочен. Една од главните причини за минусот на „Водовод“, според Ѓорѓиевски, е и многу ниската наплата на сметките за вода.

    „Комунална хигиена“, пак, која лани имала минус од 8 милиони евра на сметката, Ѓорѓиевски вели дека месечно губи 1,5 милиони евра, бидејќи на многу граѓани и фирми не им пресметува правилно ѓубрарина, а над 130.000 квадратни метри простор воопшто не биле вклучени во сметките.

    „Некој направил проценка во минатото дека во една индустриска зона на пет објекти треба да им се пресмета целата квадратура како основа за сметката, а на некои други помалку или воопшто. Затоа сега ќе воведеме електронска база со точни податоци кои ќе се вкрстат со податоците од Катастар“, вели Ѓорѓиевски.

    Ѓорѓиевски вели дека за два месеци успеале да намалат над 32 милиони евра од долговите на градските јавни претпријатија. Најмногу се исплаќале долговите на шампионот „Водовод и канализација“, 1,3 милијарди денари или над 21,1 милиони евра. Од долговите на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ од скоро 17 милиони евра се исплатени 427 милиони денари или околу 6,9 милиони евра, додека пак, од долговите на „Комунална хигиена“ од 8 милиони евра, се исплатени околу 2,1 милиони евра.

    Намалени се и обврските на „Паркови и зеленило“ за 1,3 милиони евра, на „Градски паркинг“ за 676.000 евра и на „Дрисла“ за околу 235.000 евра.

    Ѓорѓиевски вели дека во иднина тој и директорите нема да дозволуваат застарување на долгови кои граѓаните и фирмите ги имаат кон Градот Скопје и јавните претпријатија, бидејќи тоа ќе значи колапс на институциите.

    „Апелираме одговорните граѓани да платат заостанати сметки за данок на имот од 2022 до 2025 година, заради тоа што на тој начин и ние ќе можеме да ги сервисираме обврските на градската власт. Нема да се зголеми данокот на имот, бидејќи ниту градот не е онаков како што граѓаните заслужуваат да биде, но ќе ја зголемиме наплатата“, вели Ѓорѓиевски.

    Најави дека ќе се наплатува и комуналната такса која е обврска на сопствениците на приватните паркиралишта на трговските центри, моловите или компаниите, кои во минатото, иако заработувале од граѓаните, на Градот Скопје не му исплатувале ниту денар. Ќе се менува и практиката за повластена цена за паркирање која важи за вработените во државните институции и во Градот Скопје на одредени паркиралишта, а за кои во иднина ќе важи цената како и за сите граѓани.

    Previous ArticleОпаѓа бројот на грипозни, регистрирани 12 отсто помалку заболени за една недела
    Next Article Ревизорите откриле загрижувачки пропусти во работата на владината Служба за општи и заеднички работи

    Поврзани вести

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    18/02/2026

    Затворен патот од Гостивар кон Чегране, Вардар се излеа во Форино

    18/02/2026

    Општина Кисела Вода ги отфрли обвинувањата на иницијативата „Стоп за Усје“ за мерната станица

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.