Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Свет»Франција со меѓународен повик ќе ги бара жртвите во случај на сериски педофил
    Свет

    Франција со меѓународен повик ќе ги бара жртвите во случај на сериски педофил

    11/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Француската полиција упати ретка меѓународна апелација до можни жртви и сведоци во случајот против 79-годишниот поранешен наставник Жак Левегл, осомничен дека силувал и сексуално злоупотребувал 89 деца на пет континенти од 1960-тите до 2022 година, пренесува Гардијан.

    Полицијата во Гренобл соопшти дека Левегл, кој од април 2025 година се наоѓа во притвор во Франција, претставува „учебнички пример“ за сериски сексуален престапник, во случај што опфаќа повеќе од пет децении и повеќе земји, од Германија до Индија.

    Обвинителот од Гренобл, Етјен Манто, изјави дека Левегл им признал на истражителите дека ја убил својата тешко болна мајка, а подоцна и својата тетка, задушувајќи ги со перница.

    Манто ги повика потенцијалните жртви и сведоци да се јават кај француските власти, нагласувајќи дека Левегл работел со деца во Германија, Швајцарија, Мароко, Нигер, Алжир, Филипини, Индија, Колумбија и француската прекуокеанска територија Нова Каледонија од 1960-тите до 2022 година.

    „Во секоја земја каде што престојувал и работел како тутор или наставник, воспоставувал контакти со млади лица“, изјави Манто. Според него, Левегл делувал „културно и харизматично“ и постепено ги манипулирал децата.

    Иако никогаш немал официјална наставничка диплома, Левегл работел како едукатор од 1960-тите. Бил и спортски инструктор за кањонинг и спелеологија, работел во младински кампови, со малолетни престапници во Германија, како приватен тутор и како воспитувач во дом за деца во Богота, Колумбија.

    Француската жандармерија објави фотографии од Левегл на различна возраст и ги наведе земјите во кои престојувал, со цел да стигне до можни нови жртви.

    Тој е под формална истрага во Франција од февруари 2024 година за тешко силување и сексуална злоупотреба на малолетници и од април минатата година се наоѓа во притвор.

    Случајот се темели врз неговите сопствени записи – дигитални „мемоари“ во 15 тома, пронајдени на УСБ-уред од негов внук, кој ги предал на властите. Според обвинителството, благодарение на тие текстови досега се идентификувани 89 наводни жртви – момчиња на возраст од 13 до 17 години во времето на злоупотребите, во периодот од 1967 до 2022 година.

    Француската полиција се обидува да стапи во контакт со дополнителни потенцијални жртви во земјите каде што Левегл работел. „Ако жртвите сакаат да се јават, треба да го сторат тоа сега, бидејќи истрагата треба да биде затворена во 2026 година за да може судењето да се одржи во разумен рок“, изјави Манто.

    Случајот потсетува на минатогодишниот процес против поранешниот француски хирург Жоел Ле Скуарнек, осуден на 20 години затвор за сексуална злоупотреба на стотици пациенти, најчесто деца под 15 години – најголемиот процес за злоупотреба на деца во француската историја. И тој водел детални записи на својот компјутер.

    Во врска со убиствата, Левегл изјавил дека ја задушил мајка си, болна од рак во терминална фаза, во 1970-тите, а во 1990-тите и својата 92-годишна тетка, исто така со перница.

    Според обвинителот, Левегл напишал во своите „мемоари“ дека „убил две лица“. Тој ги оправдувал своите постапки тврдејќи дека би сакал некој да постапи исто со него доколку се најде во слична ситуација на крајот од животот.

    Previous Article„Охридско лето“ добитник на престижна та меѓународна награда „Да за уметноста“
    Next Article ССМ утре во 12 часот ќе ја блокира Стопанската комора во центарот на Скопје

    Поврзани вести

    Унгарската полиција одобри да се случи Прајд во Будимпешта како прекин на ерата на Орбан

    29/05/2026

    Европската Унија ги одмрзна средствата на Унгарија во вредност од 16.2 милијарди евра по состанокот меѓу Маѓар и Фон дер Лајен

    29/05/2026

    Ракета на „Блу Ориџин“ експлодираше за време на тест лансирањето што е најновиот неуспех за компанијата на Џеф Безос

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.