Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Мицкоски: Протестите на ССМ се политички, постигнавме историски договор со УПОЗ и САДУ
    Политика

    Мицкоски: Протестите на ССМ се политички, постигнавме историски договор со УПОЗ и САДУ

    10/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Овој договор на Владата со синдикатите значи уште еден историски договор, кој во следните две години и неколку месеци, односно почнувајќи од април 2026 година до април 2028 околу единаесет илјади луѓе од администрацијата и од службите во судовите и обвинителствата ќе добијат околу четириесеттина проценти повисока плата од таа што денеска ја добиваат. И со ова Владата како најголем работодавач го заокружува својот договор со своите колеги. Практично, на ова му претходеа здравствените работници, па образовните работници, па другите институции и конечно, сега со САДУ и со УПОЗ. На тоа ги додадовме и вработените во службите на судовите и обвинителствата, околу единаесет илјади наши колеги. Сето ова кога ќе се заокружи, ние можеме да кажеме дека до крајот на мандатот на оваа Влада сме ги регулирале нашите обврски и односи со нашите колеги“, рече премиерот Мицкоски.

    Во врска со денешната блокада на Собранието од страна на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) смета дека и таа и протестите се политички мотивирани.

    „Тоа ќе продолжи, затоа што ова има политичка позадина. Еден од денешните протестанти со мене држеше прес – конференција, во видно егзалтирана состојба, задоволен од тоа што го постигнавме. Денеска го гледате, блокира заедно со тој другиот кој што се повикува на работнички права, а злоупотребува службени возила за приватни цели и уште многу работи. Допрва, како што имам чувство, ќе бидат сведоци и работниците кој ги води и кој ги манипулира во овие политички инструирани процеси и тоа во периодот што следи ќе го има“, рече премиерот во одговор на новинарско прашање по увидот во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Општина Кисела Вода.

    Но, додаде тој, она што за него како претседател на Владата, е најважно е аргументот оти Владата е најголем работодавач и треба да си ги регулира обврските, нешто што веќе го направиле.

    „Ние си ги завршивме нашите обврски. Во бипартитниот дијалог меѓу коморите, односно работодавачите и работниците, ние сме фасилитатор и рековме дека ќе го поддржиме секое решение кое што тие практично ќе го договорат. Но, ние нема и не сакаме да поддржуваме политички инструирани самонаречени водачи. Не сакаме да влегуваме во таков тип на процес. Повторно кажувам еден од оние кој што денеска протестираше пред два, три дена со мене држеше прес-конференција во една егзалтирана состојба и кажуваше дека ова е историски договор, оти ова никогаш не се случило и така натаму. Денеска, пак, граѓаните сами нека судат и нека ценат“, рече премиерот Мицкоски. 

    Previous ArticleМЗД: Рокот за распишување на оглас за нов член на КСЗД истече
    Next Article Преку оглас за 1 милион марки најдени келнерот и масерот на атентаторите на Глигоров

    Поврзани вести

    Девет амбасадорски имиња предложени на седница на Владата

    17/02/2026

    Сиљановска Давкова – Варнс: Американско-македонското стратешко партнерство и сојузништвото во НАТО важни во време на безбедносни предизвици

    17/02/2026

    Нов протест на ССМ, овојпат пред Владата, се најавува и генерален штрајк

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.