Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Започна реконструкцијата на Спомен-домот „Разловечко востание“ во с. Разловци
    Македонија

    Започна реконструкцијата на Спомен-домот „Разловечко востание“ во с. Разловци

    13/02/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Извор: Општина Делчево

    Започнаа градежните работи за непосредна заштита- конзервација и реставрација на Спомен-домот „Разловечко востание“ во с. Разловци. Проектот ќе се спроведува во 5 фази и предвидува конзервација и реставрација на кровот, конзервација на внатрешни и надворешни ѕидови, замена на дотраена столарија со столарија од трајни материјали и термопан стакло, конзервација и реставрација на партерот и на потпорните ѕидови со дренажа.

     На почетокот на работите увид направи градоначланикот Иван Гоцевски заедно со  претставници од изведувачот, градежниот и конзерваторскиот надзор, директорот на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, Златко Начовски, како и директорот на НУ Национален конзерваторски центар, Александар Јорданоски.

    Извор: Општина Делчево

    Градоначалникот Гоцевски истакна дека овој капитален проект се реализира со поддршка од Владата на Република Македонија и заложбите на премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и ќе овозможи комплетно враќање на сјајот на Спомен-домот, симболот на првото организирано македонско востание и сведоштво за храброста и непокорот на нашиот народ.

    –Кога зборувавме дека ќе го обновиме Спомен-домот посветен на  Разловечкото востание, многумина ни се смееја и велеа дека тоа никогаш нема да се оствари. Денес, со мирна совест и со љубов ги потсетуваме дека ветувањата дадени пред граѓаните не биле празни зборови, туку јасна цел која чекор по чекор ја претвораме во реалност.

    Со особено задоволство ја споделувам веста дека активно се работи на обновата на Спомен-домот во село Разловци – место кое има огромно историско значење за нашиот народ. Како градоначалник, останувам целосно посветен на зачувување на нашето културно и историско наследство. Разловци го заслужува ова, а нашите идни генерации заслужуваат да растат со чувство на гордост и припадност кон сопствената историја, порача Гоцевски.

    Извор: Општина Делчево

    За директорот Начовски реконструкцијата на овој значаен објект во село Разловци подразбира доведување во оригиналната архитектонска форма проектирана од македонскиот прочуен архитект Константиновски. Со тоа, конечно, селото Разловци, Општина Делчево и нашата држава добива мултифункционален репрезентативен објект кој доликува на историската вредност на Разловечкото востание од 1876 година.

    Средствата за реставрација и конзервација на спомен –домот „Разловечко востание“ се обезбедени преку Министерството за култура и туризам.

    Previous ArticleПо нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
    Next Article ТППЕ Берово официјално ја прими донацијата – специјално противпожарно возило донирано од Доброволното противпожарно друштво Битње, Република Словенија

    Поврзани вести

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Малата депонија со линдан во Охис ќе се чисти уште најмалку три години

    11/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.