ТППЕ Берово денес официјално ја прими донацијата – специјално противпожарно возило, донирано од Доброволното противпожарно друштво Битње, Република Словенија, кое претставува донација, од исклучително значење за унапредување на системот за противпожарна заштита во општината.
-Посебна благодарност, упатувам до пратеничката и наша сограѓанка, госпоѓа Сандра Газинковска, која со својата лична заложба, имаше клучна улога во реализацијата на оваа донација и во поврзувањето на нашите заедници.
Благодарност до градоначалникот на Општина Крањ, за срдечниот прием и до претставниците на Доброволното противпожарно друштво Битње, за донацијата и за отвореноста и подготвеноста за соработка – истакна беровскиот градоначалник, Петар Ружински.


