Во попладневните часови на 12 февруари, во Дом на културата – Македонска Каменица, со благослов на Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, во рамки на одбележувањето на празникот на светите Три Јерарси, се одржа промоција на филмот „Железна тврдина“, во режија на Митко Панов.
По завршувањето на проекцијата, за филмот и неговата духовна и општествена порака се обрати Неговото Преосвештенство Епископ Давид, кој се осврна на значењето на ваквите филмски остварувања во современиот културен и духовен контекст.
Настанот заврши со богата и плодотворна дискусија, во која учествуваа присутните гледачи, режисерот на филмот, како и епископите Епископ Марко и Давид. Во дискусијата беа отворени повеќе прашања поврзани со тематиката на филмот, неговата порака и улогата на уметноста во зачувувањето на духовните и културните вредности.
Настанот беше дел од програмата за одбележување на празникот на светите Три Јерарси и предизвика голем интерес кај публиката во Македонска Каменица.

