46-годишен Македонец е уапсен во близина на Белград, осомничен дека со шише бензин ја запалил пицеријата во која работел, а од каде добил отказ неодамна. Во времето кога го подметнал пожарот, внатре биле неговите колеги, кои започнале со гасење и спречиле голема трагедија, соопштија српските медиуми.
-Полицајците на Вождовац, во близина на Белград, уапсија државјанин на Македонија, С. Г. (46), поради сомнение дека од одмазда ја запалил пицеријата во која работел, а потоа снимките од пожарот ги испраќал на сопствениците. Полицијата го уапсила С. Г., кој се товари за кривични дела предизвикување општа опасност и загрозување на безбедноста, пишува Информер.Рс.
Работникот кој бил отпуштен од работа, револтиран дошол во пицеријата со шише бензин и го запалил внатрешниот дел на објектот. Тој го снимил пожарот, а потоа снимките им ги испратил на сопствениците со порака „Гледајте како гори“.
Осомничениот С.Г. е приведен до 48 часа по наредба на надлежното обвинителство, по што ќе биде приведен на распит заедно со кривична пријава.
