Жена е убиена со задушување со перница во нејзиниот дом во селото Челопек. Полицијата денеска информира дека едно лице од општина Старо Нагоричане е успасено и осомничено дека ја убил 78-годишната жена и дека извршил повеќе тешки кражби.
Вчера во попладневните часови во селото Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници гo лишиле од слобода Т.Б.(25) од село Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело. Тој се сомничи дека на 12 февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото.
Исто така, тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела тешка кражба во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане.
