Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Скопје повторно руши рекорди со пријави за семејно насилство, четири одделни случаи во еден ден
    Македонија

    Скопје повторно руши рекорди со пријави за семејно насилство, четири одделни случаи во еден ден

    16/02/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во Скопје се евидентирани четири одделни случаи на семејно насилство во период од 24 часа, по што полициски службеници лишиле од слобода три лица, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во сите случаи, како што наведуваат од МВР, по целосно документирање ќе следуваат соодветни поднесоци.

    Првиот случај е пријавен на 15 февруари 2026 година во 16:00 часот во СВР Скопје, кога 41-годишна жена од скопско пријавила дека претходната вечер, на 14 февруари околу 21:00 часот, во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.А., со кого, според пријавата, е во тек бракоразводна постапка.

    Неколку часа подоцна, на 15 февруари во 00:35 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Т.В. (55) од скопско, постапувајќи по претходна пријава дека на 14 февруари околу 22:30 часот, во стан на подрачјето на Ѓорче Петров, физички ја нападнал неговата 59-годишна сопруга.

    Во трет случај, на 15 февруари во 23:05 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена пријавила дека околу 21:00 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, со употреба на физичка сила била насилно ставена во патничко возило, при што била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Е.М. (33).

    Четвртиот настан е евидентиран истата вечер, на 15 февруари во 22:00 часот, кога полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Е. (34) од Скопје, по пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговата 58-годишна мајка и неговата 30-годишна сопруга, при што употребил и остар предмет.

    Од МВР посочуваат дека по целосно документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни поднесоци.

    Previous ArticleДржавата ќе ги заострува критериумите за добивање субвенции, најави министерот за земјоделство
    Next Article Обилните врнежи предизвикаа поплави и свлечишта во Полошкиот регион

    Поврзани вести

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    30/05/2026

    Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    30/05/2026

    Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството

    30/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    НАЈЧИТАНИ

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    30/05/2026

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.