Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Затворен патот од Гостивар кон Чегране, Вардар се излеа во Форино
    Македонија

    Затворен патот од Гостивар кон Чегране, Вардар се излеа во Форино

    18/02/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат од Гостивар кон селото Чегране, поточно во селото Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од селото Чајле кон селото Старо Чајле кон селото Форино, информираат од АМСМ. Блокиран е и патот кон селото Герман кај селото Станча, бидејќи на коловозот има паднато дрво и во моментот не е прооден.

    Како што соопштуваат утрово од АМСМ сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка, на граничните премини Деве Баир, Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

    Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека денеска во утринските часови во североисточните делови ќе има слаб локален снег. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, локално и со јачина од над 60 километри на час, особено долж Повардарието и во источните делови. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Темпертурите ќе се намалуваат, особено утринските кои ќе се движат од минус 4 до нула, а дневните од нула до 11 степени Целзиусови.

    Студеното време ќе се задржи и во следните денови. Утре утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.

    АМСМ им препорачува на возачите прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево и потсетува дека до 15 март важи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

    Previous Article(Видео) Страстни бакнежи на плажа: актерката го прослави разводот со новото момче
    Next Article Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Мицкоски во Вашингтон со конгресмените Тени и Селф: Разговаравме за значењето на стратешкото партнерство со САД

    16/09/2026

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.