Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево

    Семејството на премиерот Мицкоски не патувало со службениот авион, тврди Владата

    Опаѓа бројот на заболени од грип

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Двајца македонски државјани во притвор, биле вмешани во случајот со запленетите 5 тони марихуана во Србија
    Македонија

    Двајца македонски државјани во притвор, биле вмешани во случајот со запленетите 5 тони марихуана во Србија

    18/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    По предлог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера на две лица, кои претходно беа сослушани во својство на осомничени, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа. Како што информираат во јавното обвинителство, постојат основи на сомнение дека лицата преземале активности поврзани со запленетите 5 тони  марихуана во Република Србија, поради што јавниот обвинител достави образложен предлог за определување краткотраен притвор.

    „Барањето за определување на краткотрајниот притвор е со цел обезбедување на лицата и овозможување на доволно време на јавниот обвинител за преземање на неопходните процесни дејствија и донесување соодветна одлука за понатамошно постапување. Во вакви случаи, посебно кога се работи за предмети со поголема сложеност, како и предмети со меѓународен карактер, временските рокови често се ограничени, што ја оправдува примената на оваа мерка. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува со интензивно постапување во предметот и јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошниот тек, согласно законските можности“, информираат денеска оттаму.

    Заплената на околу пет тони марихуана во Србија отвори сериозна истрага за меѓународен криминален ланец во кој, според српските обвинителни органи, дрогата била набавена на територијата на Северна Македонија, а потоа транспортирана и складирана во Србија за понатамошна дистрибуција.

    Српскиот суд на 1 февруари одреди притвор за три лица, за Н.С., Р.С. и И.Д. осомничени за неовластено производство и трговија со наркотични дроги. Притворот е изречен поради опасност од влијание врз сведоци, можност за повторување на делото и ризик по јавниот ред.

    Истовремено, Обвинителството за организиран криминал распиша домашна и меѓународна потерница по Александар Мијајловиќ, кој се посочува како организатор на криминалната мрежа и кој, според информациите, е во бегство.

    Според официјалните податоци, дрогата била набавувана во периодот од почетокот до крајот на јануари 2026 година во Северна Македонија, по што преку добро организирана мрежа била префрлана преку граница и складирана во објекти поврзани со семејството Спасојевиќ во Србија. Оттаму, марихуаната требало да продолжи кон нелегалниот пазар, со проценета вредност меѓу 7 и 10 милиони евра. Во рамки на акцијата, српската полиција запленила и автоматско оружје.

    Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) пред три дена обвини дека и по 15 дена, нема одговори за, како што наведуваат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, прашувајќи како 5 тони дрога поминале преку македонската граница и кој ќе одговара.

    Во партиското соопштение се посочува дека одговори нема од премиерот, ниту од надлежните министри и институции.

    „Соочени со фактот за сопствената одговорност се впуштија во медиумска кампања и лицитираат со запленети 100 тони марихуана која според нив била нелегално произведена. Но, така заглавија уште подлабоко“, наведуваат од СДСМ.

    Од партијата тврдат дека доколку навистина биле произведени 100 тони марихуана, тоа значи дека станува збор за површина од над 30 хектари, што, според нив, е еквивалент на повеќе од 40 фудбалски стадиони.

    „Кој дозволил толкава површина да се одгледува во Македонија? Зошто не била направена ниту една теренска контрола?“, прашуваат од СДСМ.

    Previous ArticleФетаи: Повратот и конфискацијата на незаконски стекнатиот имот остануваат приоритет
    Next Article Јаневска: Нема да го повлечеме законот за високото образование, ќе биде за доброто на сите

    Поврзани вести

    Семејството на премиерот Мицкоски не патувало со службениот авион, тврди Владата

    19/02/2026

    Опаѓа бројот на заболени од грип

    19/02/2026

    Вајц: Северна Македонија треба итно да испорача реформи без одложување

    19/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево

    Семејството на премиерот Мицкоски не патувало со службениот авион, тврди Владата

    Опаѓа бројот на заболени од грип

    Вајц: Северна Македонија треба итно да испорача реформи без одложување

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.