Регионалниот центар Русино денеска доби нова механизација во вредност од 1,1 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Со новата механизација ќе се зголеми оперативниот капацитет на депонијата и ќе се воведат современи стандарди во секојдневното работење. Во следната фаза е предвидена инвестиција од околу 14 милиони евра за рехабилитација и проширување на депонијата, што вклучува изградба на нови депониски ќелии, систем за управување со исцедок и биогас и затворање на постојната депонија.
Оваа активност, според министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, е дел од пошироката инвестиција од 55 милиони евра со која започна најголемата инфраструктурна реформа во секторот отпад во државата.
„Модерниот регионален систем за отпад значи крај на импровизациите и трајно решавање на проблемот кој со децении ги мачи граѓаните“, рече Хоџа, на презентацијата на новата механизација.
Со сите инвестиции ќе се обезбеди целосно усогласување со европските стандарди и воспоставување модерен регионален систем што значи крај на дивите депонии и почиста животна средина за граѓаните во Полог.