Во Пехчево викендов ќе се одржат значајни натпреварувања во пинг-понг во организација на ППФМ.
Во сабота, на 21 февруари 2026 година, со почеток во 10:00 часот, во спортската сала Јане Сандански ќе се одржат турнирите Телеком Мастерс 1 за категории У11 и У13. На турнирот се очекува настап на најдобрите млади пинг-понг таленти од државата.
Пропозициите и апликациите за пријавување се достапни на официјалната веб-страница на ППФМ.
Во недела, на 22 февруари 2026 година, исто така со почеток во 10:00 часот и на истата локација, ќе се одиграат првите четири кола од јуниорската лига во машка и женска конкуренција.
Со овие настани, Пехчево уште еднаш се потврдува како значаен центар за развој на младинскиот спорт во државата.


