Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Свет»Планинар е прогласен за виновен за смртта на неговата девојка, ја оставил на највисокиот врв во Австрија
    Свет

    Планинар е прогласен за виновен за смртта на неговата девојка, ја оставил на највисокиот врв во Австрија

    20/02/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Судот во Инсбрук го прогласи 37-годишниот алпинист Томас П. за виновен за убиство од небрежност, откако ја оставил својата девојка на највисокиот врв во Австрија каде што таа подоцна починала, објави Гардијан.

    Тој доби петмесечна условна казна и парична казна од 9.400 евра за смртта на 33-годишната Керстин Г., која починала во јануари 2025 година. Делото носи максимална затворска казна до три години.

    Според судот во Инсбрук, девојката по целодневно искачување во екстремно студени услови заостанувала зад планираниот распоред. Кога стигнале на околу 50 метри под врвот, по зајдисонце, жената била исцрпена и немала сила да продолжи. Обвинетиот признал дека ја оставил на ветровит планински гребен за да побара помош.

    Тој не успеал да објасни зошто не ја завиткал во ќебето или вреќата што ги носела во ранецот. Пред судот беше презентирана и снимка од нивното искачување, како и неговото самостојно спуштање.

    Судијата Норберт Хофер оцени дека обвинетиот бил поискусен алпинист и дека требало навреме да процени дека неговата партнерка нема да може да го издржи искачувањето. Иако тој заминал по помош, судот заклучи дека со оглед на неговото поголемо искуство, сноси одговорност за нејзината смрт.

    Томас П. се изјасни за невин и изјави дека „бесконечно жали“ за смртта на неговата девојка. Неговиот адвокат ја нарече ситуацијата „трагична несреќа“.

    Previous ArticleДали сакате да бидете сити и полни со енергија- избегнувајте три намирници за појадок
    Next Article Мицкоски ја повтори идејата на Вучиќ земјите од Западен Балкан во пакет со Украина да станат членки на ЕУ

    Поврзани вести

    Унгарската полиција одобри да се случи Прајд во Будимпешта како прекин на ерата на Орбан

    29/05/2026

    Европската Унија ги одмрзна средствата на Унгарија во вредност од 16.2 милијарди евра по состанокот меѓу Маѓар и Фон дер Лајен

    29/05/2026

    Ракета на „Блу Ориџин“ експлодираше за време на тест лансирањето што е најновиот неуспех за компанијата на Џеф Безос

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.