По повод 11. издание на манифестацијата „Ноќ на идеите”, Францускиот институт, Фондацијата Метаморфозис и Економскиот факултет организираат дебата „Медиумите и социјалните мрежи: да ја вратиме довербата”. Настанот ќе се одржи во среда, 25 февруари, во 12:30 часот, во холот на Економскиот факултет, а влезот ќе биде слободен.
Панелисти на дебатата се Лавинија Абот, уредничка во европскиот тим на AFP Факт Чек, Винсент Курон, директор на Ле Сирлињер, правник и универзитетски професор и Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата Метаморфозис.
Воведен збор ќе има проф. Мијалче Санта, декан на Економскиот факултет, а дебатата официјално ќе ја отвори Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција.
