Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Пинг-понгот повторно блесна во Малешевијата – ППК „Зегин“ Берово со извонредни резултати!

    Пожар во угостителски објект во трговскиот центар во Кочани

    УТРЕ Е ПРОЧКА: Еве што треба да направите, а две работи треба да ги имате на трпезата за радост

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Мицкоски ја повтори идејата на Вучиќ земјите од Западен Балкан во пакет со Украина да станат членки на ЕУ
    Македонија

    Мицкоски ја повтори идејата на Вучиќ земјите од Западен Балкан во пакет со Украина да станат членки на ЕУ

    20/02/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Премиерот Христијан Мицкоски, при вчерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, ги повтори идеите кои неодамна ги промовираше српскиот претседател Александар Вучиќ земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската унија заедно со Украина и тоа од следната 2027 година.

    „Македонија би можела да влезе во Еврпската унија на почетокот на 2027 година, заедно со Украина, Црна Гора и Албанија, доколку се постигне мировен договор и заврши војната со Русија“, изјави вчера премиерот Христијан Мицкоски во интервју на Канал 5. Според него, постои идеја земјите од Балканот да влезат во Унијата во пакет со Украина која би се нашла на брза лента кон ЕУ заради побрза реконструкција на земјата по четиригодишниот воен конфликт.

    Според Мицкоски, „во европските кулоари“ се зборувало за две сценарија на оваа идеја, а влезот на Македонија во Унијата бил дел и од првото и второто сценарио, иако, како што потенцираше и двете опции имаат свои услови.

    „Постои идеја во Брисел која зависи од мировниот план за Украина, со кој интеграцијата на земјата во ЕУ заради реконструкција би била ставена на брза лента. Тоа би било непринципиелно за земјите од Западен Балкан, заради што се разгледуваат две сценарија, од кои и Македонија е дел“, изјави Мицкоски.

    Според Мицкоски, првото сценарио предвидувало Украина со Црна Гора, Албанија и Македонија да станат членки на ЕУ на почетокот од 2027 година, но без право на глас. Тоа ќе значело земјава да учествува во работата на Советот, комисиите и телата на ЕУ, но без можност да гласа и со многу внатрешни контролни механизми. Земјата да нема да има свој комесар и ќе треба со постепена интеграција да ги затвора поглавјата и да го адаптира својот систем на ЕУ.

    Во второто сценарио, според Мицкоски, на овие држави би требало да им се приклучат и Босна и Херцеговина, Молдавија, Србија и Косово.

    „За да се остварат овие две сценарија постојат два задолжителни услови кои овие земји мораат да ги исполнат, а тоа се заедничката надворешна и безбедносна политика со ЕУ, што ние први во регионот ја усогласивме и владеење на правото. Претпоставувам дека за нас и услов ќе бидат и уставните измени“, вели Мицкоски.

    Тој додаде дека овие планови би можеле да станат реалност само доколку претходно се исполнат други услови, како што се мировниот план за Украина и консензусот за мировниот договор.

    Иако Мицкоски ваквите идеи ги презентираше како нешто за што се зборува во кулоарите на ЕУ, факт е дека тие потекнуваат токму од Балканот. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на повеќе наврати, и кон крајот на 2025 и на почетокот на 2026 година повторуваше дека предлага земјите од Западен Балкан заедно со Украина да станат членки на Унијата.

    „Накратко ја презентирав идејата за заеднички прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Не гледам зошто ова би го загрижило некого во регионот. Ја презентирав идејата околу 2 минути. Ме слушаа како учтиви луѓе и не рекоа ништо. Го предложив ова затоа што многу добро ја познавам вашата земја, но и земјите од регионот“, рече Вучиќ кон средината на декемрви по една средба во Брисел со претседателката на Европската комисија Урсула вон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

    Околу еден месец подоцна, на 26 јануари, Вучиќ ја повтори истата идеја при интервју за еден босански медиум кога рече дека границите на Балканот нема да бидат толку важни ако сите земји од регионот заедно ѝ се приклучат „на Европската унија или на некаков вид полуевропска унија“.

    Притоа, српскиот претседател го споменува истиот датум како и Мицкоски, односно 1 јануари 2027 година како можен датум за приклучување на Украина и земјите од Западен Балкан на Унијата. Вучиќ уште тогаш говореше дека за тоа се борел тој, „не само за Србија, туку и за Босна и Херцеговина и Северна Македонија“.

    Previous ArticleПланинар е прогласен за виновен за смртта на неговата девојка, ја оставил на највисокиот врв во Австрија
    Next Article Дебата на Француски институт и Метаморфозис: „Медиумите и социјалните мрежи: да ја вратиме довербата”

    Поврзани вести

    Пожар во угостителски објект во трговскиот центар во Кочани

    21/02/2026

    УТРЕ Е ПРОЧКА: Еве што треба да направите, а две работи треба да ги имате на трпезата за радост

    21/02/2026

    Фирма на син на екс претседател на СДСМ во Ново Село вмешана во случајот со марихуаната фатена во Србија

    21/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Пинг-понгот повторно блесна во Малешевијата – ППК „Зегин“ Берово со извонредни резултати!

    Пожар во угостителски објект во трговскиот центар во Кочани

    УТРЕ Е ПРОЧКА: Еве што треба да направите, а две работи треба да ги имате на трпезата за радост

    Фирма на син на екс претседател на СДСМ во Ново Село вмешана во случајот со марихуаната фатена во Србија

    НАЈЧИТАНИ

    “Кулинарско- музичка вечер 2026” во Пехчево

    20/02/2026

    Турнирите во пингпонг на Телеком Мастерс ќе се одржат викендот во Пехчево

    20/02/2026

    Пинг-понгот повторно блесна во Малешевијата – ППК „Зегин“ Берово со извонредни резултати!

    21/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.