Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Голем концерт на Калиопи на 17 октомври во Скопје

    ВМФЛ-18.коло: Шкендија (А) на мегдан со „пиратите“!

    Премиера на македонскиот филм во Брисел: „Диџеј Ахмет“ ја воодушеви европската публика

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»ЗНМ и ССНМ со реакција на одлуката на Апелациониот суд во спорот меѓу ИРЛ и Кочо Анѓушев
    Македонија

    ЗНМ и ССНМ со реакција на одлуката на Апелациониот суд во спорот меѓу ИРЛ и Кочо Анѓушев

    25/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразија загриженост за судскиот притисок кон независното истражувачко новинарство, по денешната одлука на Апелациониот суд Скопје со која е одбиена жалбата на ИРЛ. Во овој момент, според јавно достапните информации, одлуката на жалбата на ИРЛ е објавена, но образложението сè уште не е јавно соопштено и се очекува да следува во писмената пресуда.

    Станува збор за предмет за клевета и навреда, во кој тужител е поранешниот вицепремиер и бизнисмен Кочо Анѓушев, а тужени се Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и главната уредничка Сашка Цветковска, во врска со истражувачкиот документарец „Заговор против воздухот“, емитуван во 2021 година.

    Првостепената пресуда во овој случај беше донесена во 2023 година а организациите јавно реагираа бидејќи пресудата не навлегува во суштината на тужбата за наводната клевета кон поранешниот вицепремиер Анѓушев во емисијата емитувана во 2021 година на МРТВ, туку се врши дискредитација на новинарите и на непрофитниот медиум ИРЛ сѐ со цел да се оправда првостепената одлука.

    „Во образложението на таа пресуда, која сега ја потврди и Апелација, се поставува досега невиден и опасен преседан судот и државните институции да одредуваат што е медиум, кој е новинар и кој смее да се бави со новинарска дејност. ССНМ и ЗНМ сметаат дека токму овие произволни и паушални толкувања на Законот за медиуми, како и на Законот за здруженија и фондации претставуваат пред сѐ залажување на јавноста од страна на судот со цел оправдување на оваа скандалозна и досега невидена одлука во македонското правосудство“, велат од медиумските организации.

    Посочуваат дека ЗНМ и ССНМ остануваат на ставот дека ќе продолжат да стојат зад истражувачкото новинарство и да ја следат натамошната постапка по приемот на писмената одлука, вклучително и користење на сите расположливи правни механизми пред повисоките домашни и меѓународни судски инстанци.

    „Укажуваме дека ЗНМ во период подолг од пет години обезбедуваше бесплатна правна поддршка, а двете организации јавно го следеа овој предмет и посочуваа на неговото значење за слободата на изразување, јавниот интерес и заштитата на истражувачкото новинарство, вклучително и во контекст на ризиците од стратешки тужби против јавно учество (СЛАПП). Дополнително, овој случај е регистриран и квалификуван како СЛАПП случај на меѓународната Платформа за мапирање на медиумски слободи (Mapping Media Freedom / MMF), а реакции и осуда на ваквата пракса опасна за слободата на медиумите во Македонија имаа и Меѓународната федерација на новинари и Европската федерација на новинари чии членки се ЗНМ и ССНМ,“ информираат од организациите.

    Previous ArticleПатување низ различни музички светови со осмомартовскиот концерт на „Охридско лето“
    Next Article Европската комисија се стреми да го прошири роамингот од ЕУ кон Западен Балкан

    Поврзани вести

    Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Каропш

    03/03/2026

    Инспектор со години управувал хеликоптер со фалсификувана дозвола

    02/03/2026

    Заседаваше Советот за безбедност, состојбата во земјата е стабилна и безбедна

    02/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Голем концерт на Калиопи на 17 октомври во Скопје

    ВМФЛ-18.коло: Шкендија (А) на мегдан со „пиратите“!

    Премиера на македонскиот филм во Брисел: „Диџеј Ахмет“ ја воодушеви европската публика

    Три потези поради кои Никола Јокиќ се најде на удар во Америка (ВИДЕО)

    НАЈЧИТАНИ

    Перински: Преку 220 милиони евра на располагање за општините – Берово пример за одржлив локален развој

    26/02/2026

    Теренско противпожарно возило донација за ДПД Пехчево од Rotary Club Skopje West

    01/03/2026

    МНР: Македонските државјани во Израел да ги следат безбедносните упатства

    28/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.