Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Димитриевски за владината реконструкција: До вторник сè ќе се знае, многу идеи се на маса

    Секој граѓанин преку „Мој Термин“ ќе може да се изјасни дали сака да е органодарител

    На Клиниката за онкологија пациентите чекаат со часови, решение нема

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Донација од 14 нови болнички кревети од „Зегин“ и Фондацијата „Д-р Верица Механџиска за Клиничката болница во Штип
    Македонија

    Донација од 14 нови болнички кревети од „Зегин“ и Фондацијата „Д-р Верица Механџиска за Клиничката болница во Штип

    07/03/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Компанијата „Зегин“ и Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ донираа медицинска опрема за подобрување на условите за пациентите и здравствениот персонал во Клиничката болница во Штип.

    Компанијата „Зегин“ заедно со Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ донираа 14 болнички кревети и 4 маси за инструменти за операциона сала на Клиничката болница во Штип. Со оваа донација се обезбедуваат подобри услови за лекување и работа во неколку клучни одделенија на болницата.

    Од вкупниот број на донирани кревети, 10 се наменети за Одделот за ортопедија, додека 4 се доделени на Одделот за неврологија. Дополнително, новите маси за инструменти ќе придонесат за подобра организација и поголема ефикасност во операционите сали.

    Донацијата има за цел да го подобри квалитетот на здравствените услуги во источниот регион, преку обезбедување модерна и функционална опрема за одделенијата кои секојдневно се грижат за голем број пациенти.

    Од Клиничката болница во Штип изразија благодарност за поддршката, истакнувајќи дека новата опрема значително ќе придонесе за подобра удобност на пациентите и поефикасна работа на медицинскиот персонал.

    – Задоволство ни е што имаме можност да ја поддржиме Клиничката болница во Штип со опрема што ќе им помогне на лекарите да обезбедат подобра грижа за пациентите. Се надеваме дека оваа донација ќе придонесе за подобри услови за лекување и поголема удобност за сите хоспитализирани пациенти – изјави Бранка Џајковска од Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“.

    Ова е само една од донациите кои „Зегин“ и Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ ги реализираа во последниот период со цел поддршка на здравствените установи и унапредување на медицинските услови во земјата.

    Меѓу нив се и донацијата на хипербарна комора за Одделот за физикална медицина во ГОБ „8 Септември“, како и мултифункционални маси за вежбање на рацете за Институтот за физикална медицина и рехабилитација, како и медицинска опрема за гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница во Тетово.

    Previous ArticleБехтел и Енка потврди дека Владата не должи ни денар
    Next Article Нов рекорд во авијацијата: директен лет Сиднеј – Лондон долг над 20 часа

    Поврзани вести

    Секој граѓанин преку „Мој Термин“ ќе може да се изјасни дали сака да е органодарител

    27/06/2026

    На Клиниката за онкологија пациентите чекаат со часови, решение нема

    27/06/2026

    Еко-активисти бараат итна заштита на Кожуф, Дошница и на биодиверзитетот

    27/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Димитриевски за владината реконструкција: До вторник сè ќе се знае, многу идеи се на маса

    Секој граѓанин преку „Мој Термин“ ќе може да се изјасни дали сака да е органодарител

    На Клиниката за онкологија пациентите чекаат со часови, решение нема

    ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ и ДУИ не им е јасно дека реформите се за граѓаните, а не за партиите

    НАЈЧИТАНИ

    Фестивал на Дувачки Оркестри – Пехчево 2026 🎙🎺🎷

    23/06/2026

    Мицкоски смета дека безбедноста на неговото семејство е загрозена со објава на дипломатска нота

    23/06/2026

    Претставници на Асоцијацијата на воени аташеа во Република Македонија ја посетија Општина Пехчево

    26/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.