Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Николоски на средби во Стејт Департментот, Македонија и САД ќе соработуваат за енергетска транзиција и изградба на коридорите

    ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА исплати 50.087.531 денари за ВЛТ добивки во февруари!

    (Фото) Класик без кој не можете оваа пролет: Научете како да комбинирате бела кошула

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Економија»ПАНИКА НА БЕНЗИНСКИТЕ ПУМПИ: Од утре еден резервоар со дизел ќе чини 725 денари повеќе
    Економија

    ПАНИКА НА БЕНЗИНСКИТЕ ПУМПИ: Од утре еден резервоар со дизел ќе чини 725 денари повеќе

    09/03/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Од полноќ возачите во земјава ќе мора да платат значително повеќе за гориво, особено оние што возат дизел автомобили. Новото драстично поскапување доаѓа по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, која ги зголеми цените на нафтените деривати, при што дизелот бележи најголем скок.

    Веднаш по објавувањето на новите цени се создадоа редици пред бензинските пумпи, бидејќи многумина сакаа да наполнат гориво пред поскапувањето да стапи на сила.

    Доколку се земе предвид дека просечниот резервоар на автомобил собира околу 50 литри гориво, тогаш за полнење со еуродизел од полноќ ќе треба да се платат 4.275 денари. Тоа значи дека истиот резервоар ќе чини 725 денари повеќе отколку ако се наполни пред новите цени да стапат на сила.

    За автомобилите со бензински мотори, кои користат Еуросупер 98, полн резервоар со новите цени ќе изнесува околу 4.075 денари, што е 250 денари повеќе од досегашната цена.

    Колку ќе чини горивото на месечно ниво

    Ако се претпостави дека еден возач месечно поминува околу 1.000 километри, односно во просек околу 30 километри дневно, и ако автомобилот троши околу 8 литри на 100 километри во градски услови, тогаш месечната потрошувачка би изнесувала околу 80 литри гориво.

    Со новите цени, тоа значи дека месечниот трошок за дизел би достигнал околу 6.840 денари, што е 1.160 денари повеќе од досега. За автомобилите што користат бензин Еуросупер 98, месечниот трошок би бил околу 6.520 денари, односно 400 денари повеќе.

    Нови цени на горивата од полноќ

    Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ:

    • Дизелот поскапува за 14,5 денари по литар, што е зголемување од околу 20 проценти
    • Бензините поскапуваат за 5 денари по литар

    Новите малопродажни цени ќе бидат:

    • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 79,5 денари за литар
    • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 81,5 денари за литар
    • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,5 денари за литар
    • Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1) – 82,5 денари за литар
    • Мазут М-1 НС – 42,586 денари за килограм

    Капацитетот на резервоарите кај автомобилите се разликува. На пример, модел како „Ситроен Ц3“ најчесто има резервоар од околу 45 до 50 литри, додека поголеми возила како „Фолксваген Пасат“ имаат и до 70 литри, а „Голф“ обично има 55 до 60 литри.

    Со ова поскапување, разликата во цените на горивата меѓу Македонија и соседните земји значително се намали. Дел од јавноста смета дека тоа може да донесе нови проблеми, бидејќи големите ценовни разлики во регионот често поттикнуваат точење гориво од соседните држави, како и нелегални активности и шверц со нафтени деривати.

    Previous ArticleНАПАДОТ ВРЗ 4-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ЈА КРЕНА БИТОЛА НА НОЗЕ: „Ако не се реши проблемот со кучињата, ќе ја блокираме општината!
    Next Article Луѓето не загинаа од активирање на прскалките, туку затоа што немаа каде да бегаат – вели обвинителот Јакимовски

    Поврзани вести

    Колони возила на бензиските по поскапувањето на горивата поради иранскиот конфликт

    09/03/2026

    Нафтата се врати на ниво под 100 долари за барел

    09/03/2026

    Нови цени на горивата од полноќ

    27/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Николоски на средби во Стејт Департментот, Македонија и САД ќе соработуваат за енергетска транзиција и изградба на коридорите

    ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА исплати 50.087.531 денари за ВЛТ добивки во февруари!

    (Фото) Класик без кој не можете оваа пролет: Научете како да комбинирате бела кошула

    Oбјавена книгата „За македонскиот јазик и философијата“ од академик Витомир Митевски – клучно дело за македонистиката

    НАЈЧИТАНИ

    Локалниот младински совет од општина Пехчево заедно со претставници од МВР ОВР Берово и РСБСП на сите возачи од понежниот пол – учеснички во сообраќајот им подарија каранфил

    08/03/2026

    Нова опрема за сениорската екипа на ОФК „Малеш“ Берово, донација од ресторанот „Мис Стон“ – Смојмирово

    06/03/2026

    Завршени Работничките спортски игри 2026 во Берово – победник е екипата на АРМ

    06/03/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.