Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Кадетките одат по златен медал: Ќе се бориме до крај, сакаме да ја израдуваме нацијата!

    Концерт на пијанистката Дуња Иванова под отворено небо во Центар

    Лани во земјава 31 работник го изгубил животот во несреќи на работа

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и митрополитот Брегалнички Иларион ќе служат помен во Кочани за жртвите од дискотеката Пулс
    Македонија

    Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и митрополитот Брегалнички Иларион ќе служат помен во Кочани за жртвите од дискотеката Пулс

    13/03/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во сабота на 14-ти март во црквата Св. Великомаченик Ѓорѓи во Кочани со архијерејска литургија и помен за загинатите, ќе почне одбележувањето на годишнината од најголемата трагедија во поновата историја на Македонија. Богослужбата ќе ја предводи Архиепискот Охридски и Македонски Стефан, заедно со надлежниот и митрополит Брегалнички Иларион. Потоа на градските гробишта ќе биде отслужено и опело за жртвите од трагичниот настан во дискотеката Пулс.

    Владата, Здружението на граѓани 16 март и општината се подготвуваат за одбележување на овој настан со низа активности, со кои треба да им се оддаде почит на жртвите.

    На 15 март се предвидени повеќе спортски и културни активности. Во 9 часот е предвидена рекреативна трка и велосипедска тура на релација Штип – Кочани во чест на загинатите 63 млади лица. Во исто време ќе започне и првиот меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“, на релација на Пониква.

    Истиот ден  со почеток во 10 часот, во спортската сала кај Гимназијата во Кочани ќе се одржи кошаркарски турнир меѓу повредените во трагедијата.

    Владата в сабота ќе организира Меѓународна конференција во чест на 63-те загубени животи.

    На конференцијата планирани се панели на кои ќе се анализира одговорот на државата по пожарот во импровизираната дискотека „Пулс“, но ќе се бара и начин како системот да се зајакне во иднина.

    Општина Кочани во соработка со Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“ во кое се сплотени родителите организираат заедничко одбележување. Родителите и покрај болката и тагата со која се носат собраа сили да учествуваат достоинствено да се одбележи настанот – Денот на сеќавање 16.03.2025 година. Поканите до сите амбасади ги испратиле од здружението и дел од планираните активности во програмата се во нивна сопствена режија и на нивен трошок.

    На 16 март минатата година во 02:32 избувна пожарот во дискотеката Пулс ко однесе 63 млади животи. Над 200 луѓе беа повредени, а во меѓувреме почнаа два судски процеси

    Previous ArticleОбјавен анкетен прашалник за квалитетот на услугите на Општина Делчево
    Next Article Нов експресен пат од Кочани преку Виница и Делчево до ГП со Бугарија

    Поврзани вести

    Лани во земјава 31 работник го изгубил животот во несреќи на работа

    28/04/2026

    Вработен во основно училиште од Гостивар осомничен за силување на 14-годишно девојче

    26/04/2026

    Две лица oд Кривичен суд под истрага оти примиле поткуп за да издејствуваат ослободителна пресуда

    25/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Кадетките одат по златен медал: Ќе се бориме до крај, сакаме да ја израдуваме нацијата!

    Концерт на пијанистката Дуња Иванова под отворено небо во Центар

    Лани во земјава 31 работник го изгубил животот во несреќи на работа

    МЕГА – СКАНДАЛ: УЕФА судија уапсен за наводен сексуален напад врз малолетник!(ФОТО)

    НАЈЧИТАНИ

    Нов експресен пат од Кочани преку Виница и Делчево до ГП со Бугарија

    13/03/2026

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    24/04/2026

    Димитриеска – Кочоска: Зачувувањето на стабилноста на денарот е врвен приоритет

    26/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.