Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање денес во Кочани изјави дека македонскиот систем подобро се справил со трагедијата во Кочани отколку швајцарските институции по пожарот во барот во Кран-Монатана.
„Апсолутно да. Апсолутно да, но кога правите споредба на лоши настани, делувате некрофилски. Јас не сакам да бидам и да делувам некрофилски, но ќе дадам целосен одговор на вашето прашање, затоа што ако се спореди тоа што ние како Влада го направивме, со она што се случи во Кран-Монтана во Швајцарија, можам да кажам дека неколкукратно подобро се справивме. Во сите параметри, во сите споредби,“ изјави Мицкоски.
Тој додаде дека за жал нема начин да се вратат починатите но кога се споредуваат двете несреќи, нашите институции реагирале подобро.
„За жал не постои начин да ги вратиме тие кои не се повеќе меѓу нас. Но, од аспект на системска реакција, кога ќе го споредиме тој настан, со оној настан што се случи во дискотеката во Кран-Монтана, Швајцарија, неколкукратно подбро, верувале или не, системот македонски, институциите македонски реагираа подобро, отколку системот во Швајцарија и институциите во Швајцарија. И тоа се бројки“, тврди премиерот.
