Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Рудник САСА ја започна еко кампањата „Твојата грижа за планетата вреди х2“
    Македонија

    Рудник САСА ја започна еко кампањата „Твојата грижа за планетата вреди х2“

    18/03/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    По повод 18 март – Глобалниот ден на рециклирањето, Рудник САСА, во соработка со Друштвото за управување со отпад „Пакомак“ и Општина Македонска Каменица, ја започна општествено-одговорната еко кампања „Твојата грижа за планетата вреди х2“. Иницијативата е насочена кон поттикнување на рециклирањето и унапредување на еколошката свест кај вработените и локалната заедница.

    Кампањата ќе трае сѐ до 22 април – Денот на планетата Земја. Во текот на овој период, за секое одложено пластично шише или лименка во некоја од трите повратни вендинг машини поставени во рудникот САСА и во Македонска Каменица, ќе се добиваат два „зелени поени“, односно двојно повеќе од досега. Собраните „зелени поени“ учесниците ќе можат да ги искористат за различни придобивки, меѓу кои за ваучери за попусти во маркети, донации и сл.

    Преку оваа иницијатива, Рудник САСА има за цел дополнително да ги мотивира своите вработени и жителите на Македонска Каменица активно да учествуваат во рециклирањето, да придонесат кон намалување на пластичниот отпад и да ја заштитат животната средина.

    „Заштитата на животната средина е составен дел од нашите долгорочни заложби и нашата одговорност кон заедницата во која работиме. Со кампањата Твојата грижа за планетата вреди х2 се надеваме дека на едноставен и практичен начин ќе ги поттикнеме луѓето да се вклучат во рециклирањето и ќе покажеме дека секоја иницијатива може да има значајно позитивно влијание врз природата. Веруваме дека преку вакви заеднички активности можеме да изградиме уште посилна култура на одговорно однесување кон животната средина“, изјави Марија Стојановска, раководител на Службата за заштита на животната средина.

    Во изминатите години, Рудник САСА континуирано реализира слични еко иницијативи, во партнерство со локалната заедница, училиштата и граѓанските организации, со цел унапредување на еколошката свест и поттикнување на активна грижа за природата.

    Кампањата „Твојата грижа за планетата вреди х2“ е дел од пошироките активности на компанијата насочени кон заштита на животната средина, одржлив развој и унапредување на квалитетот на живот во локалната заедница, што претставува важен сегмент од долгорочната стратегија за одржлив развој на Рудник САСА.

    Previous ArticleДелчево и Кочани ќе постават спомен плоча во спомен на херојот Илчо Гоцевски
    Next Article По повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата ОУМБ ” Кочо Рацин” организираше пригоден настан во соработка со Локалниот младински совет и возрасните читатели

    Поврзани вести

    (4) Дрогата меѓу учениците, училиштата во Полог без психолози и социолози: Институциите се обвинуваат меѓусебно

    29/05/2026

    Мицкоски за иницијативата на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата

    29/05/2026

    Четворица албански државјани приведени за незаконит риболов во Преспанското Езеро

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.