Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Економија»УЈП: Да се усогласат фискалните системи со намалената стапка на ДДВ за горива од 18 на 10 отсто
    Економија

    УЈП: Да се усогласат фискалните системи со намалената стапка на ДДВ за горива од 18 на 10 отсто

    24/03/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

     

    Согласно владината одлука за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка, донесена на вонредна владина седница одржана на 22 март, во периодот од 24 март (00:01 часот) до 6 април (24:00 часот) 2026 година ќе се применува повластена даночна стапка на прометот на енергенсите (горивата) од 10%.

    „УЈП ги известува сите даночни обврзници кои вршат трговија на мало со моторни горива и мазива во специјализирани продавници дека се должни навремено да извршат усогласување согласно тарифникот од одлуката, односно да ги прилагодат фискалните системи, ценовниците и фактурирањето, со цел правилна пресметка, евидентирање и прикажување на повластената стапка на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 10%. УЈП укажува дека примената на оваа мерка мора да биде доследна и во согласност со законските одредби. УЈП ќе врши засилени контроли со цел да се обезбеди целосно почитување на истите, при што за евентуални неправилности ќе бидат преземени соодветни законски мерки“, се наведува во соопштението од УЈП.

    Оттаму ги повикуваат сите засегнати субјекти да постапуваат согласно прописите и да придонесат кон транспарентно и законито работење.

    Вчера, Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Дизел горивото поскапе за 3,5 денари по литар. Од почетокот на оваа година, дизелот поскапе за 45 отсто, а бензините за 20 отсто. Дизелот и екстралесното масло имаа рекорден скок, односно, еден литар дизел гориво на македонските бензински пумпи на почетокот на 2026 година се продаваше за 64,5 денари, а сега достигна 95,5 денари според последната одлука на РКЕ. Безоловниот бензин се продаваше за 70 денари, сега чини 86,5 денари. Екстралесното масло, пак, се продаваше за 64 денари, сега чини 92 денари по литар.

    Според премиерот Мицкоски, со тоа што е донесена одлука да се намали ДДВ-то наместо акцизата се врши поголемо влијание врз крајната цена, односно таа ќе се намали за 6,5 до 7. Додека ако се намалела акцизата, тоа ќе значело само денар или два помалку за крајните потрошувачи.

    Previous ArticleЈана Атанасовска запиша македонски рекорд во велеслалом
    Next Article „Моменти низ времето“, самостојна изложба на Моника Десоска

    Поврзани вести

    Од вечерва ново поскапување на горивата, дизелот поскапува за 3,50 денари, бензините за 1,50 денари

    24/08/2026

    Пехчево остана без ниту една банка – жителите мора да патуваат до соседните Берово и Делчево

    08/07/2026

    Трамп бара истрага за „зголемувањето“ на цените на бензинот

    24/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.