Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Гордана Сиљановска-Давкова ја отвори изложбата „Архивски документи“ на Жанета Вангели во македонскиот КИЦ во Загреб
    Култура

    Гордана Сиљановска-Давкова ја отвори изложбата „Архивски документи“ на Жанета Вангели во македонскиот КИЦ во Загреб

    26/03/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во македонскиот КИЦ во Загреб свечено беше отворена изложбата на македонската Национална галерија „Архивски документи“ на светски признатата македонска уметница Жанета Вангели.

    Во присуство на македонскиот Амбасадор Н.Е. Драган Ѓурчевски и бројни гости – истакнати претставници на македонски и хрватски институции и организации во Загреб, претставници на дипломатскиот кор, многубројни загрепчани, Македонци кои живеат, работат или се школуваат во Загреб, универзитетски професори, како и претставници на државната и локалната власт во Република Хрватска, изложбата ја отвори претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која беше во официјална посета на Хрватска.

    „Преку специфичниот визуелен јазик и концептуален пристап, Вангели уште еднаш потврдува дека македонската културна сцена има што да му понуди на европскиот културен простор. Оваа изложба не е само уметничко доживување, туку и длабоко промислување на историјата, идентитетот и меморијата. Ваквите настани се потврда на моќта на културната дипломатија. Македонскиот КИЦ во Загреб продолжува да биде нашиот најдобар амбасадор, место каде што македонскиот дух и креативност се среќаваат со пријателската хрватска јавност“, истакна Давкова.

    „Присуството на претседателката Сиљановска-Давкова претставува силна поддршка на македонската култура и уметност на меѓународно ниво и порака дека културата и уметноста имаат значајно место во државните приоритети, а културната дипломатија претставува важен инструмент за градење на пријателство, разбирање и соработка меѓу народите“, истакна директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска.

    „Ми претставува посебно задоволство што првиот програмски проект на Националната галерија за 2026 година, изложбата „Архивски документи“ на професорката и ликовна уметница Жанета Вангели го реализираме во македонскиот КИЦ во Загреб, а честа е голема што истата ќе ја отвори претседателката, Гордана Силјановска Давкова, рече директорот на Националната галерија, Али Синани.

    „Изложбата „Архивски документи“ претставува ново авторско истражување на Вангели. Оваа изложба е, всушност, една сублимација на главните интересни зони кои се во нејзиниот фокус, една метафизичка манифестација во време-просторот што таа го сведочи. Низ четиридецениското творештво, преку архивските документи, Вангели несомнено евидентира различни претстави на духовна слобода и привлекува внимание кон доживувањето на времето, поканувајќи ја публиката да го почувствува сегашниот миг преку проекција на доживеаното“, истакна Маја Крстевска, виш кустос и програмски раководител.

    Ова е прво претставување на Вангели пред хрватската публика, со вкупно 41 дело изработени во техника принт на плексиглас и придружни аудио материјали. Проектот е замислен како патувачка изложба, која ќе биде поставена и во културните центри во Белград, Истанбул и Софија, поддржан од Министерството за култура и туризам.
    Изложбата во македонскиот КИЦ во Загреб ќе биде поставена и отворена за посетители до 10. Април.

    Previous ArticleАлександар Трајковски: Херојот од Палермо вечерва го игра 99.меч за Македонија!
    Next Article Јаневска: Интернационализација на високото образование е неопходна, но мора да се спречи одливот на мозоци

    Поврзани вести

    МНТ со двојна победа: Првенците Тони Михајловски и Тања Кочовска наградени во ист ден на два фестивали

    09/04/2026

    Објавена програмата на Скопскиот поетски фестивал, ќе има стотина поети од земјава и од странство

    09/04/2026

    Бесплатна проекција на филмот „Тетовирање“ во Драчево

    07/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.