Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Јаневска: Интернационализација на високото образование е неопходна, но мора да се спречи одливот на мозоци
    Македонија

    Јаневска: Интернационализација на високото образование е неопходна, но мора да се спречи одливот на мозоци

    26/03/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Интернационализацијата на образованието денес е неопходен механизам што им овозможува на студентите да стекнат дигитални и зелени вештини, ја придвижува државата кон иновации и отвора нови работни места, а регионот го прави поконкурентен на европскиот и глобалниот пазар. Сепак, еден од најголемите предизвици од неа е одливот на мозоци, што е опасност што ни ги одзема највредните студенти, најплодните
    професори и најпосветените истражувачи, кои заминуваат и не се враќаат. Нашата умешност треба да ја покажеме во обезбедувањето механизми за претворање на одливот на мозоци во циркулација на мозоци“, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

    Таа се обрати на дводневната регионална конференција „Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“, чиј покровител е Министерството за образование и наука на Македонија, а коорганизатори се Регионалниот совет за соработка (RCC) и Светска банка.

    На конференцијата беше посочено дека Болоњскиот процес ги отвори универзитетите за меѓународна соработка, а мобилноста носи нови знаења, искуства и иновации преку заеднички проекти и партнерства, како и пристап до технологии и финансирање. Сепак, постојат и предизвици како ограничените средства за мобилност, бирократски процедури, институционалниот капацитет, како и усогласеноста со европските стандарди.

    Интернационализацијата на високото образование мора да остане достапна за сите, и да е насочена кон квалитет и размена на знаење, а не водена од финансиски интереси. Таа е средство за подобрување на високото образование и за инклузивна меѓународна соработка во регионот на Западен Балкан, што овозможува циркулација на таленти, гради конкурентност и ја зголемува иновативноста.

    Јаневска посочи дека во услови на крупни геополитички промени, расте свеста за образованието како најсигурната инвестиција, од која зависи иднината на економиите, нивната одржливост и отпорност.
    „Без силен придонес од високообразовната заедница преку истражувања, учење и настава, општествено влијание, иновации и трансфер на технологии, не можат да се решат главните предизвици на современите општества, вклучително и оние кои се однесуваат на целите на Обединетите нации за одржлив развој, опстанокот на нашата планета, прашањата за војната и мирот, демократијата и заедничкиот живот“, рече
    Јаневска.

    Previous ArticleГордана Сиљановска-Давкова ја отвори изложбата „Архивски документи“ на Жанета Вангели во македонскиот КИЦ во Загреб
    Next Article Околу 80 лица со симптоми на труење со храна откако јаделе во мензата на РЕК Битола

    Поврзани вести

    (4) Дрогата меѓу учениците, училиштата во Полог без психолози и социолози: Институциите се обвинуваат меѓусебно

    29/05/2026

    Мицкоски за иницијативата на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата

    29/05/2026

    Четворица албански државјани приведени за незаконит риболов во Преспанското Езеро

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.